Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Зголемен бројот на нови случаи со Ковид-19 во Тетово
Градови

Зголемен бројот на нови случаи со Ковид-19 во Тетово

јули 14, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Бројот на активни случаи во земјава вчера изнесуваше 197, од кои 66 во Скопје, а 65 во Тетово. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, при направени 3.227 тестирања, регистрирани се 21 нов случај со Ковид-19 од кои 11 во Тетово, по три во Скопје и во Куманово, два во Струга и по еден во Гостивар и Штип.

Регистрирани сe седум оздравени пациенти, а не се регистрирани починати пациенти. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.823, бројот на оздравени пациенти е 150.139, на починати е 5.487.

Министерството за здравство вчера соопшти дека по зголемување на процентот на заразени од тестирани во Тетово и тетовскиот регион, во период од неколку дена, Комисијата за заразни болести ја следи епидемиолошката состојба во тој град и е во комуникација со локалниот Центар за јавно здравје, каде се анализираат сите овие случаи.

„Според првичните информации, зголемениот број случаи доаѓаат од два познати кластери. Првиот кластер е од свадба, а вториот е повеќечлено семејство кое исто така било на мала семејна прослава. Тоа што загрижува и со што се соочиле здравствените работници е што некои од ковид позитивните пациенти не давале точни податоци и информации за контакти, како би можело да се спречи создавање на кластери околу двата постоечки, информираат од Министерството за здравство.

Министерството апелира граѓаните да соработуваат со епидемиолозите, одбивањето на соработка од страна на пациентите, прави потешкотии во спроведувањето на епидемиолошките анкети, а тоа може да доведе до голем број заразени.

„Засега радува фактот што од 65 активни случаи во Тетово, само 12 се со симптоми и нема хоспитализирани во ковид – центарот во Клиничката болница во Тетово. Досега не е детектиран делта сој на СарсКов2, а кај лицата кај кои беше секвенциониран бразлискиот сој се ковид позитивни од јуни. И покрај мирната епидемилошка состојба во земјава, треба секој до нас да биде исклучително внимателен и да ги почитува протоколите и мерките за заштита на здравјето. Одржување лична хигиена на раце, држењето дистанца, носење маска е нешто што треба да биде лична одговорност на секого од нас, потенцираат од Министерството и нагласуваат дека мерките може да се променат и да се воведат рестрикиции ако епидемиолошката состојба го наложи тоа.

Од Министерството за здравство укажуваат на важноста на вакцинацијата и посочуваат дека што поголем број вакцинирани, значи побрзо создавање колективен имунитет, а тоа е клучно да се победи ковид пандемијата.

Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Голем е интересот за вакцинација без закажан термин. Со прва доза и без закажан термин се вакцинираат возрасни лица кои сакаат да се вакцинираат, во пунктовите во здравствените домови низ државата. Веб страницата vakcinacija.mk е отворена за закажување на термини за вакцинација на децата, информираат од Министерството.

Ресорниот министер Венко Филипче вчера на својот фејсбук профил напиша дека веќе нема потреба од закажување на термин за вакцинација и отсега брзо, лесно и едноставно може секој да се вакцинира

„Посети ја најблиската здравствена установа и вакцинирај се без закажан термин. Само со одговорно однесување кон себе и кон другите може да ставиме крај на пандемијата. Биди одговорен, грижи се за себе и своите најблиски, истакнува Филипче.

Вакцинацијата, како што посочуваат од Министерството за здравство, се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а интересот за вакцинација секојдневно се зголемува.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 428.081 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 6.413 граѓани, а вкупно се вакцинирале 9.335 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 676.620 дози вакцини, а ревакцинирани се 248.539 граѓани.

Со последните бројки 56 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 53 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 49 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

„Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, наведуваат од Министерството.

Во соседството, пораст на бројот на нови случаи со Ковид-19 има во Грција, во Албанија е регистриран прв случај на заразен со Делта сојот на вирусот, додека во Србија има мало зголемување на бројот на заболени, но, според властите, ситуацијата сепак и натаму е стабилна.

Во Грција дополнително се зголеми бројот на новозаразени и по пауза од два месеца, повторно се регистрирани над 3.000 нови случаи, поконкретно вкупно 3.109, а починаа четири лица, јави дописничката на МИА од Атина. Последен пат, над 3.000 новозаразени имаше на 11 мај годинава.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, од новите случаи 24 се увезени, од кои 11 откриени на влезните точки во земјата, а повторно најголемиот број, повеќе од половина (1.571) се во регионот Атика, поширокиот регион на Атина, а 214 се во Солун.

Освен на новите случаи, зголемен е бројот и на хоспитализирани лица, за 31,76 отсто во споредба со завчера, додека, пак, 133 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.

Од почетокот на пандемијата во Грција има потврдени 444.783 случаи на Ковид-19, а починаа вкупно 12.806 лица.

Вакцинацијата, како што завчера најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, ќе биде задолжителна за вработените во центрите за грижа и за здравствените работници. Задолжителната вакцинација се однесува на целиот персонал, на здравствениот и административниот, а за прием во центрите за кои важат одлуките, предуслов е завршената имунизација.

Од друга страна, преку специјалната апликација „Covid free“, сопствениците на ноќните клубови, кафулињата и други угостителски објекти во Грција ќе ги проверуваат сертификатите за вакцинација или прележан Ковид-19 на гостите, кои ќе бидат задолжителни за внатрешните делови, каде што дозволено е само седење, согласно новите одлуки на грчката Влада што од петок 16 јули стапуваат во сила и ќе важат до 31 август.

Во Албанија, пак, е регистрираниот прв случај на заразен со Делта сојот на коронавирусот. Станува збор за иселеник кој допатувал од Велика Британија и кој имал благи симптоми уште пред доаѓањето во Албанија, поради што направил тест пред да замине и еден ден по пристигнувањето во Тирана, британската лабораторија му испратила одговор дека е позитивно на Делта сојот.

Директорот на албанскиот Национален ургентен центар и член на Комитетот на експерти за справување со пандемијата, Скендер Братај изјави дека е можеби ова не е единствениот случај на Делта сојот во Албанија, бидејќи во земјата доаѓаат луѓе од места каде има заразени со оваа варијанта на коронавирусот, а за влез не им се бара ни минимум негативен тест.

„Негативна страна е што бројот ќе се зголеми, што фаворизира понатамошен раст наесен и тоа е проблемот во цела Европа, затоа што веќе се зголемува бројот на оние кои се хоспитализирани. Најпогодени се млади под 30-годишна возраст и невакцинираните, посочи Братај.

Српската министерка за труд Дарија Кисиќ Тепавчевиќ изјави дека над 99 отсто од хоспитализираните пациенти во последните месеци во Србија не биле вакцинирани, а меѓу оние кои починале како резултат на инфекцијата нема такви кои биле целосно имунизирани.

Одговарајќи на прашање во врска со третата доза, Кисиќ Тепавчевиќ изјави дека сите што биле вакцинирани двапати, сигурно ќе одат да ја примат и третата доза доколку се покаже дека е неопходна, но предупреди дека сега приоритет е вакцинирање на невакцинирани лица за стекнување колективен имунитет. Според неа, истражувањето за третата доза сè уште се прави, како и дека сега тоа го прават производителите и посочи дека е докажано дека имунитетот по вакцинацијата трае подолго отколку што првично се сметаше.

актуелно број зголемен новозаразени тетово
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.