Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Зголемен бројот на приеми во болниците, нема неангажирани лекари
Македонија

Зголемен бројот на приеми во болниците, нема неангажирани лекари

ноември 16, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бројот на дијагностицирани на КОВИД-19 од почетокот на епидемијата во земјава надмина 47 илјади (47 050) со најновите 990 потврдени во вчерашната статистика за поминати 24 часа. Починати досега се 1305 луѓе. Во последниот извештај Министетството за здравство соопшти дека битката со опасниот вирус во претходното деноноќие ја загубиле  24 пациенти на возраст од 41 до 86 години. Регистрирани се и 382 оздравени, со кои досега излекувани се  вкупно 27 364.

Активни се 18 381 случаи – од нив 8506 во Скопје, а меѓу скопските општини четирицифрени активни има во пет: Аеродром -1287,  Гази Баба – 1196, Карпош – 1102, Центар – 1069 и Кисела Вода – 1047.  Во градовите низ земјава над илјада заразени има Тетово (1060), а помеѓу 500 и 1000 бележат Прилеп (901), Куманово (844), Велес (777), Битола (697), Струмица (649), Гостивар (564), Охрид (536), Штип (513).

Министерството за здравство вчера соопшти дека 1111 пациенти заразени со КОВИД-19 се лекуваат во болниците низ земјава, од кои 410 во Скопје и 701 во КОВИД-центрите во други градови. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. Поради напливот на пациенти се мобилизира медицински кадар од сите дејности, специјалисти од други области, пред сè интернисти, им помагаат на инфектолозите во лекување и третман на пациентите на КОВИД-одделите.

Министерот Венко Филипче вчера рече дека со недостиг од медицински кадар се соочуваат болниците во целата земја и во овој момент нема невработен или неангажиран лекар.

– Се испразнија интерните одделенија на клиниките во Скопје и сега интернистите заедно со пулмолозите и антестезиолозите работат и ги лекуваат овие пациенти. Нема невработен или неангажиран лекар во нашата држава. Сите млади лиценцирани лекари уште пред неколку месеци се вклучија преку платениот стаж, тоа беше политика на здружување на младите лекари во земјата која  ја пропагиравме. Тие се практично веќе  вклучени и помагаат секој во одредена област. Студентите од шеста година, исто така, во делот на епидемиологијата, сите здравствени работници се максимално ангажирани и помагаат според распоредот, според системот на тимови кој го направивме секаде каде што се лекуваат пациентите од КОВИД, изјави Филипче.

Наведе дека во овој момент сè уште нема потреба да се намали интензитетот на работа и закажување преку системот МојТермин, но здравствените власти се подготвени и сериозно да се редуцира другата работа на лекарите и за тоа, рече, има план во болницата „8 Септември“ и во другите клиники,  со цел уште поголем број лекари да им помогнат на своите колеги во третманот на КОВИД-пациентите.

По состанокот што го имал со приватните лекари, рече, десетина се пријавиле да помагаат во справувањето со КОВИД-19, така што сè уште нема потреба да се ангажираат пензионирани лекари, како што веќе прават некои земји кои се соочуваат со недостиг на кадар.

Министерството за здарвство вчера соопшти дека на Клиниката за инфективни болести се лекуваат вкупно  160 пациенти, во КОВИД-центарот во ГОБ „8 Септември“ има 79 болни, а во изминатото деноноќие таму се примени  нови 11 пациенти. Во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 пациенти, од кои 11 деца и 27 возрасни. На интерните клиники во изминатото деноноќие имало 24 приеми –  четворица пациенти биле хоспитализирани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ каде вкупно има 55  пациенти, тројца пациенти се примени во КОВИД-центарот на Клиниката за неврологија и 17 болни на новото одделение на Клиниката за гастроентерохепатологија. Во КОВИД-центарот на Клиниката за кожни болести се лекуваат 24 пациенти, а на Неврологија 37.

И покрај  големиот број приеми во текот на претходниот ден, слободни места има доволно во КОВИД–центрите на интерните клиники, посочи Министерството за здравство, а се очекуваат  и дополнителни места по исписите на оздравени пациенти на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Се очекува да почне со работа и КОВИД-центарот на Клиниката за нефрологија во комплексот интерни клиники.

Во однос на пополнетоста на КОВИД-центрите во болниците низ земјава, Министерството за здравство вчера соопшти дека се лекуваат 565 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнителни 145 болни, со што вкупно  701 пациенти болнички се лекуваат на инфективните одделенија.

-Во болниците во внатрешноста има околу 90 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла,  информираше Министерството, додавајќи  дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Со реакција вчера се огласи Здружението по општа и семејна медицина поради тоа што во некои медиуми одговорност и вина се бара од матичните лекари за зголемениот број компликации и хоспитализации кај пациенти во овој период. Здружението  во дописот соопшти дека од почетокот на пандемијата се конструктивни во предлагање решенија за проблемите со вирусот, се обраќале до Комисијата за заразни болести, во која нема претстатвник матичен лекар, како и до министерот за здравство, но дека одговори не добиле.

– Ставени сме во позиција одговорно да ги спроведуваме одлуките и протоколите донесени од Комисијата, која нема увид во обемот и тежината на работата на матичните доктори, чија  улога е да бидат први и последни во грижата за здравјето на своите пациенти, наведе Здружението по општа и семејна медицина.

актуелно број зголемување пациенти приеми
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.