Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Истраги против Трамп најавија демократите
  • „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
  • Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
  • УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија
  • Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири
  • ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“
  • СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Здравствениот систем оптоварен со ковид пациенти, активни 21 265 случаи, вакцинирани 13 000 граѓани
Градови

Здравствениот систем оптоварен со ковид пациенти, активни 21 265 случаи, вакцинирани 13 000 граѓани

април 7, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Дополнителни рестриктивни мерки за заштита од натамошно ширење на Ковид-19 се во сила по огромниот наплив на пациенти во болниците во изминатиот период, каде  моментно се хоспитализирани 1744. Надлежните велат дека интервенирале со ангажирање дополнителни одделенија, инсталирање кислород, екстра кадар по системот на ротација за да се одржи здравствениот систем и за секој пациент да се обезбеди болнички кревет. Тековната недела надлежните ја окарактеризираа како критична во однос на натамошното ширење на вирусот во третиот бран, во кој се регистрирани голем број заразени и починати.

Според податоците на Министерството за здравство, бројот на активни случаи во државава достигна 21.265. Во претходното деноноќие, беа регистрирани нови 1259 случаи на коронавирусот од направени 4.555 тестирања. Починаа 45 лица, а оздравени се 751 пациент.

Во меѓувреме и вчера продолжи масовната вакцинација против Ковид-19 во салата „Борис Трајковски“ и во сите здравствени домови ширум државата. Од близу 2 800 веќе закажани граѓани, 2 500 се вакцинирале.

Министерот за здравство Венко Филипче укажа дека сега сме во период кога е навистина оптоварен здравствениот систем, а пред нас се празници.

Имајќи го предвид искуството од минатата година кога ваквите празници конкретно рамазанските пости и Велигден во истиот период, сериозно ја искомплицираа и ја усложнија епидемиолошката ситуација, сметаме дека доколку тоа сега се случи со веќе оптоварен здравствен систем, тоа ќе биде кризна ситуација што тешко ќе се менаџира. Тоа е причината за воведувањето дополнителни рестриктивни мерки со цел овој трет и досега најсилен бран на Ковид-19 на некој начин забрзано да го завршиме. Верувам дека граѓаните ќе се придржуваат до сите овие мерки. Мора да сме свесни дека со сопственото однесување, одговорност, носењето маска и одржувањето дистанца придонесуваме за што пократко време да заврши и овој бран, изјави Филипче.

Тој потенцира дека оптимумот, бројот кој сакаат да се постигне е да имаме околу 7000 вакцинирани граѓани на ден. Филипче информира дека вчера немало никаков проблем околу вакцинирањето и издрази надеж оти така ќе продолжи и во следниот период.

Филиче истакна дека близу 13 илјади граѓани се вакцинирани заклучно со завчерашниот ден и освен два случаи на колапс, кои, како што рече, што не се поврзуваат со вакцината, туку веројатно станува збор за страв и панични напади, тука во салата „Борис Трајковски“, други несакани ефекти нема.

Во однос на досега вакцинираните, министерот посочи дека нема препорака дека нешто треба да се прави по добиената вакцина, како превенција или некои контролни прегледи.

Над 90 проценти од сите здравствени работници, кои што работат со ковид веќе се вакцинирани и ревакцинирани, а околу 20 проценти на веќе закажани граѓани не се јавуваат на пунктовите за вакцинација. Во однос на вакцинирањето на припадниците на МВР и Армијата, според Филипче, имало голем интерес и согласно расположливите вакцини, а приоритетни групи во Армијата и во полицијата ќе бидат тие коишто се најекспонирани и имаат најмногу контакти во текот на денот.

Во останатите институции се пријавуваат вработените над 50 години кои имаат одредени коморбидитети и така се регрутирале пријавените од МТСП, вработените во градинки, од МОН – наставниците од прво до трето одделение.

Освен некои од информациите на социјалните мрежи, Филипче рече дека досега не виделе силна антиваксерска кампања.

Апелирам граѓаните да се свесни дека ова е единственото оружје со кое ние ќе ја смениме сликата за пандемијата. Не само кај нас, секаде во светот. Сите вакцини се безбедни. Таму, каде што има сомнежи, сме внимателни и чекаме соодветни препораки и мислења, и ова е единственото нешто кое што можеме да го направиме да го зачуваме сопственото здравје, рече министерот за здравство Филипче.

Во болниците низ земјава хоспитализирани се 1744 ковид-пациенти и има околу 230 празни болнички кревети. На инфективните оддели во Скопје се лекуваат 692 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19.  Во ковид центрите во другите градови, пак, се лекуваат вкупно 1052 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, најмногу во Прилеп 145, во Струмица 116, Охрид 105, Велес 103, во Куманово и Штип по 93 и Кавадарци 73 пациенти.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата во земјава изнесува 136.426, на оздравени е 111.139, а на починати 4.022. Досега во земјава се направени вкупно 647.559 тестирања за Ковид-19.
актуелно здравствен систем оптоварување ковид пациенти
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.