Најмалку 23 лица се повредени во земјотресот што со јачина од 5,2 степени се случи вчера вечерта во јужна Турција, шест месеци после катастрофалните потреси што го погодија истиот турски регион.
Турскиот министер за здравство, Фахретин Коча, изјави дека повеќето од повредите се предизвикани од падови или скокови од голема височина.
Центарот за следење на земјотреси во Истанбул извести дека потресот се случил во 20.47 часот по локално време.
Неговиот епицентар бил во малиот град Јешиљурт во покраината Малатија.
Малати беше меѓу најтешко оштетените од земјотресот на 6 февруари.
Градоначалникот Селахатин Гуеркан изјави дека во Малатија загинале околу 2.300 луѓе. На 6 февруари, два големи и многу последователни потреси ја опустошија југоисточна Турција и северна Сирија, при што загинаа повеќе од 50.000 луѓе.







