Релативно силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала вчеравечер го погоди северниот дел на Албанија, јавува Европскиот медитерански сеизмолошки центар
Епицентарот на земјотресот бил на 29 километри од главниот град Тирана,на длабочина од два километри.
Земјотресот е почувствуван во Сараево, Скопје и Дубровник.
Некои велат дека тресењето на земјата било страшно, додека други дека било силно, но краткотрајно.
Корисниците на социјалната мрежа Твитер објавија дека граѓаните на Тирана излегле на улица и дека во тој град земјотресот силно се почувствувал.







