Францускиот фудбалски стручњак Зинедин Зидан доби понуда да биде селектор на Соединетите Американски Држави, но реши да не ја прифати, пишува „ЕСПН“.
Според информациите, поранешниот тренер на Реал преку неговиот агент, Ален Миљачи, бил прашан дали ќе ги преземе САД, на што Французинот одговорил дека не е заинтересиран за таа опција. Тој, како што се зборуваше, претходно имал понуди од Португалија и Бразил.
Американците без селектор останаа на 31 декември, откако на Грег Берхалтер му истече договорот. Во меѓувреме Ентони Хадсон ќе биде тој кој САД ќе ги предводи на пријателските натпревари против Србија на 25 јануари и против Колумбија три дена подоцна.
Да потсетиме, на Мундијалот во Катар оваа репрезентација беше елиминирана во осминафиналето од Англија.
(Фото: ЕПА)







