Полицијата на Зимбабве денеска соопшти дека 49 лица се повредени во експлозија на политички митинг на претседателот на државата Емерсон Мнангагва, кој се одржа вчера во градот Булавајо.
„Очекуваме дека бројот ќе порасне кога некои повредени ќе дојдат подоцна во текот на денот“, изјави портпаролот на полицијата, пренесе агенцијата Ројтерс.
Во тек е „сеопфатна истрага“ на стадионот „Бел град“ во Булавајо, каде дошло до експлозијата додека Мнангагва држел говор пред изборите закажани за во јули.
Портпаролот на претседателот рече дека имало „повеќе обиди“ за атентат на Мнангагва во изминативе години.
Мнангагва стана претседател во ноември откако долгогодишниот лидер Роберт Мугабе поднесе оставка под воена закана.
Изборите во јули се први без Мугабе од стекнувањето на независност на Зимбабве во 1980 година.







