Здружението на новинарите на Македонија го осудува напливот на координирано вербално насилство на власта против новинари, кои се насочени против слободата на медиумите и правото на јавноста да се информира.
„Ваквите напади имаат за цел да ги заплашат и замолчат новинарите и да ја задушат критиката во медиумите. Со тоа власта сака да спечи јавноста да се информира за важни случувања во земјата“, се наведува во соопштението на Здужението на новинари.
Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ против Фондацијата отворено општество Македонија, за наводно корумпирање на новинарите, посочуваат од ЗНМ, е чиста замена на тези на досегашната власт, која нема храброст да се соочи со сопствената одговорност за масовната злоупотреба на медиумите за политички цели.
Изјавите на директорот на Архивот на Македонија, Филип Петровски за расчистување со медиумите на Сорос, е еклатантен пример на повикување на јавен линч против неистомислениците на власта. Исто така, потсетувањето на овој контекст на контраверзни личности од историјата, извршители на атентати, претставува акт на повикување на насилство против новинарите и медиумите. Таквите практики немаат врска со вредностите на слободните и демократски земји, туку се реликти од тотолитарните режими, кои имаат предизвикано големи страдања на
човечството.
„Исто така, ги осудуваме навредите на градоначалникот на Берово против новинарката Даниела Такева и ги оценуваме како недолични под секое ниво на домашно вопоситување на еден градоначаник“, стои во реакцијата на ЗНМ.
Здружението на новинари на Македонија ги повикува претставниците на власта да престанат навредите и повиците за насилство против новинари и ги потсетуваат дека заради тоа ќе сносат одговорност за евентуалните последици.
За евентуалните примери на непроферсионално однесување ги повикуваат политичарите да бараат од медиумите исправка иили демант, а во случај да бидат игнорирани да се обратат на професионалните организации одговорни за саморегулација во медиумите.
Исто така, ЗНМ ги повика сите новинари да ги проверат нивните информации од различни извори и да не ги користат медиумите за пресметка со неистомислениците.