Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЗНМ со насоки за поголема заштита на новинарите и медиумските работници во услови на епидемија на заразни болести
Во Фокусот

ЗНМ со насоки за поголема заштита на новинарите и медиумските работници во услови на епидемија на заразни болести

март 12, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Здружението на новинарите (ЗНМ) поради прогласената пандемија во светски рамки по брзото ширење на коронавирусот Ковид – 19 од страна на Светската здравствена организација, попладнево преку соопштение укажува на потребата новинарите и медиумските работници да имаат одредена заштита и услови, со цел да се избегне ризикот од нивна потенцијална зараза.

Тие соопштуваат дека на новинарите и медиумските работници потребно е да им се обезбедат алкохолни марамчиња и дезинфициенси за рацете, кои, како што наведуваат, првенствено, треба да бидат поставени на влезовите од медиумите, при што секој вработен треба да ги искористи пред да влезе во просториите на медиумот.

„На оние кои известуваат од терен да им се обезбедат истите средства за чистење на воланите, брзиноменувачите и влезните и излезните рачки на возилата, како и за чистење на стативите на камерите, како и за деловите од камерите кои доаѓаат во допир со рацете или лицето, а истото важи и за микрофоните што се користат на терен и во оф-тон кабините (глувите соби), како и за фотоапаратите. Да се обезбедат сапуни во сите тоалети и кујнски простории, како и соодветни хартиени бришачи за раце и тоалетна хартија. Заедничките простории во редакциите, како што се кујните, потребно е да се избегнуваат и да не се користат од повеќе лица во исто време“, наведуваат во соопштението.

Од ЗНМ потсетуваат дека ризичните групи на вработени, како што се хронично болните, повозрасните лица и бремените жени треба да бидат ослободени од работните задачи кои се извршуваат на терен, а доколку при разговор со нив се оцени дека треба да бидат ослободени од работните задачи тоа да им се овозможи.

„Во работните простории треба да се овозможи физичка одвоеност од еден до друг вработен од најмалку еден метар. Доколку се забележи дека кај некој од вработените постојат симптоми на „коронавирусот“ според укажувањето на СЗО, да се даде совет за самоизолација од 14 дена и да се јави на некој од јавно достапните броевите за кои информираше Министерството за здравство“, додаваат од ЗНМ во соопштението.

Тие потсетуваме на следење на насоките и препораките на државата, кои се однесуваат на ослободување од работни обврски на родител кој има дете до 10 години (активно четврто одделение) и за кое ќе се донесе потврда, како и за самохраните родители.

Во услови кога не е нужно, се вели во соопштението, се охрабруваат редакциите да избегнуваат организирање состаноци и колегиуми во поширок состав.

„Од исклучителна важност е новинарите и медиумските работници безбедно да ја вршат својата работа, земајќи предвид дека поради природата на новинарската професија дел од нив директно се изложени на контакт со луѓе на отворен и затворен простор. Преку почитувањето на насоките на кои упатуваат нашите две организации, ЗНМ и Советот за етика во медиумите, ќе помогнете да ги заштитите новинарите, а со тоа и да обезбедите предуслови за објективно информирање на граѓаните во услови на здравствена криза“, стои во соопштението.

Додаваат оти во наредните денови ЗНМ и СЕММ ќе објават и упатство за безбедно и етичко постапување од страна на новинарите и медиумските работници во согласност со меѓународните стандарди и насоки.

актуелно заштита ЗНМ медиумски работници новинари
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.