Шок и неверување за Манчестер јунајтед, но и за целиот фудбалски свет.
Златан Ибрахимовиќ, најдобриот стрелец и играч на „црвените ѓаволи“, судејќи според се тешко го повреди коленото на десната нога при пад во борба за топка на возвратниот натпревар од четвртфиналето од Лига Европа со Андерлехт.
Јунајтед после двете продолженија од по 15 минути славеше со 2:1 и се избори за пласман во полуфиналето, но се чини дека до крајот на сезоната остана без главниот човек во тимот, стрелецот на 28 голови оваа сезона.
https://www.youtube.com/watch?v=Wzcy9dDgs2Q&feature=youtu.be
Фудбалските експерти се сомневаат дека, со оглед на тоа што Ибрахимовиќ е ветеран со полни 35 години, веројатно му е завршена кариерата.
Договорот со Јунајтед му истекуваше за два месеца и сеуште не го имаше обновено, а се појавија приказни дека заминува за Америка. Сега, сите тие шпекулации повеќе немаат смисла.
Повредата доаѓа во најлошиот момент за Манчестер јунајтед и за Ибрахимовиќ затоа што клубот во англиското првенство го чекаат уште седум натпревари во борбата за третото или четвртото место кое гарантира настап во Лигата на шампиони или квалификации за неа, како и полуфиналето од Лигата на Европа.
Со освојување на Лига Европа, Јунајтед ќе избори директен пласман во Лигата на шампиони, но достигнувањето на оваа висока цел ќе биде исклучително тешка без Ибрахимовиќ.
Неговиот тренес Жозе Мурињо после натпреварот не се обиде да глуми дека се е во ред.
„Прогнозите се прилично негативни, како и моето чувство. Сакам да почекам за да ја дадам првата оцена, но ова никако не изгледа добро. Би сакал да сум оптимист, но не сум …“
https://www.youtube.com/watch?v=MYE7khCBIFw&feature=youtu.be
Во 90 минута Ибрахимовиќ се обиде да прими долга топка во дуел со бекот на гостите Модоу Мбоди. Меѓутоа, во моментот кога сакаше да ја прими на гради, непријатно доскокна на десната нога и веднаш се сруши на теренот.