Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ивановска бара Лекарската комора да побара одговорност од директорот на струшката болница
Градови

Ивановска бара Лекарската комора да побара одговорност од директорот на струшката болница

март 12, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска ја повика Лекарската комора да реагира и да побара одговорност од директорот на струшката болница Мухамед Асани.

Таа потенцира дека во ДКСК не се расправало за предметот околу постапувањето на докторот во струшката болница, заради тоа што ЈО отворило предмет за постапувањето докторот. Лекарската комора, вели Ивановска, е таа што треба да утврди дали има или нема одговорност кај докторот бидејќи, посочува, таа е телото што ги издава лиценците.

-Јас изреагирав со мој личен став, иако од вчерашниот разговор со моите голеги гледам дека се на исто мислење дека треба да се утврди одговорност за целиот процес. Мене навистина не ми е јасно како може некој да влезе во болница, да биде се во ред и да излезе без три органи.

Ова како граѓанин си го поставувам како прашање. Кога ја добива лиценцата еден доктор, значи дека тој е одговорен, образован, професионалец и професионално ќе си ја заврши својата работа и дека на некој начин треба да ја гарантира безбедноста на пациентите на овој начин се губи довербата и во белите мантили. Она што можеби ние ќе го детектираме како случај во ДКСК е позицијата на господинот Асани како директор на клиниката, бидејќи за него се утврдило дека има ординација која работи на диво. Кој може да гарантира дека тој не ги пренасочува пациентите од својата дива ординација, рече Ивановска во Утрински брифинг додавајќи дека од тој аспект ДКСК треба да ја доведе во прашање неговата одговорност и оти само тој дел е во нивна надлежност.

Таа потсети дека за претседателката на Лекарската комора веќе имало Одлука на ДКСК дека има конфликт на интереси, бидејќи истовремено е и директор, но оти никој не презема ништо по таа одлука.

-Кога се подготвувал законот за сспречување на корупција и судир на интереси се раководело од европските стандарди, кои, меѓу другото претпоставуваат и почитување на законските одредби. Јас не знам што треба ние да направиме и како да и објасниме на претседателката на Лекарската комора таа е во судир на интереси кога таа истовремено е и директорка. Тоа и го објаснивме и во разговор, и беше испратена и
одлука. Нашите алатки се дотука. Ние немаме повеќе што да кажеме, вели Ивановска.

Претседателката на ДКСК говореше и за случајот со набавката на вакцини од кинескиот производител Синофарм, и притоа повтори дека Комисијата одлучила да пристапи кон собирање доволно информации.

– Потоа во зависност од прибраните податоци ќе одлучи дали постојат доволно елементи за отворање предмет во надлежност на ДКСК, рече Билјана Ивановска.

Прашана за случајот за набавката на софтверот за изрекување казни за сообраќајни прекршоци преку видеонадзор, што лани го купил Генералниот секретаријат на Владата, таа истакна дека ДКСК ќе отвори постапка за да се истражи процес.

-Сериозни наводи излегоа во медиумите за овој случај и е отворен конкретен предмет да се утврди дали станува збор за патентирање на истиот софтвер, како била спроведена јавната набавка, како биле утврдени потребите, дотолку повеќе што софтверот е набавен, а не се користи, потоа да се види каква била соработката меѓу органите, помеѓу Генералниот секретаријат и МВР, ако се има предвид дека МВР вели дека не им треба таков софтвер. Со оглед на тоа што станува збор за пари на
граѓаните, односно од државниот Буџет мислам дека ова е многу сериозно прашање. Од тие причини ние му дадовме приоритет и отворивме предмет за истражување, рече претседателката на ДКСК.

Таа додаде дека Рашковски се уште не бил повикан на разговор оти се уште не е предметот во таа фаза.

Во врска со претходните постапки за Рашковски, Ивановска најави дека наскоро Комисијата ќе излезе со одлука.

-Рашковски беше поврзан со набавка во М-НАВ, но, тој не бил директно вклучен во набавката, туку наводно подоцна бил назначен од страна на Владата да го забрза процесот. Голем дел од работата, да не речам целата е завршена но остануваат некои детали за на крај што треба да се довршат и ќе биде објавена одлука и за тој случај, рече Ивановска.

актуелно Ивановска Лекарска Комора одговорност струшка болница
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.