Пoлитичките партии се дел од парламентот каде што се донесуваат законите и имаат одговорност да ги почитуваат зaконите што самите ги изгласале. Така најлесно ќе излеземе на правиот пат, а ДКСК ќе работи согласно надлежностите утврдени со закон, вели Билјана Ивановска во интервју за МИА.
Ова е пораката од претседателката на Државната Комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска што во интервјуто за МИА ја упати до сите политички партии и други учесници во претстојните претседателски избори. Потенцира дека досега Комисијата немала притисоци, а одговор против евентуалните притисоци ќе ги бидат аргументите и фактите. Таа посочува дека во функција на успешно извршување на редовните обврски во борбата за спречување на корупцијата, ќе мора да се работи и на јакнење на капацитетите и доекипирање на стручната служба Комисијата. Вели не е тешко да се работи, но времето е често пати кратко за да успее да одговори на сите барања од медиумите во насока на транспарентно работење на ДКСК.
Дали 18-те предмети што ги отворивте за непотизам во вработувањата на блиски на функционери и пратеници од власта ќе биде првиот тест за тоа дали ќе успеете да одолеете на притисоци во борбата против непотизмот и корупцијата? Ова особено затоа што првпат члeновите на ДКСК се избрани транспарентно на јавен конкурс?
„Комисијата беше избрана на транспарентен начин, пред јавноста. Во изборот учествуваа претставници на граѓанските здруженија и медиумите кои имаа можност да постават прашања по свој избор, што придонесе за квалитетен избор. Со оглед на сензитивноста на прашањата поврзани со вработувањата Комисијата веднаш отвори 18 случаи кои во наредниот период ќе бидат разгледани и согласно законскиот рок од најмногу два месеци, ќе испорача резултати, од кои јавноста ќе има можност да оцени дали сме работеле под притисок. Досега не сме имале притисоци но доколку се случат, на наша страна секогаш ќе бидат аргументите и фактите, бидејќи тоа е нашето оружје со кое ќе се бориме.
Целото интервју прочитајте го ТУКА.







