Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на 27 април годинава во Скопје ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички од процесот Брдо-Бриони.
Земји учеснички во процесот Брдо-Бриони се Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора, претставени на ниво на претседатели на држави.
Главната цел на процесот Брдо-Бриони е целосна интеграција на земјите од регионот во Европската Унија, стабилизирање на состојбите во Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.







