Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Иванов – Јилдирим: Поканата за НАТО ќе биде поттик за реформите и безбедноста
Македонија

Иванов – Јилдирим: Поканата за НАТО ќе биде поттик за реформите и безбедноста

февруари 20, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во рамките на официјалната посета на Република Турција денеска во Анкара имаше средби со турскиот премиер Бинали Јилдирим и со претседателот на Големото национално собрание Исмаил Караман.

На средбите биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Турција, при што било оценето дека двете земји негуваат традиционално пријателски односи, со интензивни контакти на највисоко ниво, соопшти Кабинетот на претседателот.

Претседателот Иванов со премиерот Јилдирим и со претседателот на собранието Караман разменија информации за состојбите во двете земји и за актуелните состојби во регионот.

Во контекст на евро-атланските аспирации на Република Македонија, претседателот Иванов изразил благодарност за досегашната принципиелна поддршка од Турција за членство на Република Македонија во НАТО и изрази очекување таа да продолжи, се наведува во соопштението.

– Поканата за членство на Македонија во НАТО ќе биде дополнителен поттик за реформските процеси во земјата и ќе создаде огромни придобивки за долгорочната стабилност и безбедност на регионот – порачал претседателот Иванов на средбите со премиерот Јилдирим и со претседателот на Собранието Караман, изразувајќи благодарност за принципиелниот став на Република Турција за употребата на уставното име на Република Македонија, вклучително и во рамки на НАТО.

На средбите биле разменети мислења и за можностите за економска соработка, при што, се наведува, беше констатирано дека треба да се следи примерот на одличните политички односи и двете земји да се стремат кон натамошно интензивирање на трговската размена. Иванов изразил очекување за проширување на интересот на турските компании за инвестирање во Република Македонија.

Кабинетот на Иванов соопшти дека, на средбите било изразено очекување за продлабочување на соработката меѓу безбедносните служби на двете земји, и изнаоѓањето на ефективни средства и методи за превенција и борба против ширење на насилен екстремизам и тероризам.

На средбата со претседателот на турското собрание Караман, било истакнато значењето на парламентарната соработка за севкупните билатерални односи, од аспект на нејзините ингеренции за дефинирање на законската рамка, која создава услови за унапредување на политичкиот дијалог и динамизирање на економската соработка.

Претседателот Иванов денеска попладне ќе се сретне со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

 

актуелно Ердоган ЕУ име јилдирим македонија НАТО регион турција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.