Две години условна казна доби Ивона Талевска. Таа денеска призна вина за случајот „Тифани“ во којшто е обвинета за даночно затајување.
Судот освен условната казна побара Ивона Талевска да ги плати избегнатите обврски.
Случајот „Тифани“ се однесува на кривично дело што траело од 2008 до 2014 година, при што Талевска како управителка на друштвото за консалтинг „Смарт ДООЕЛ“ и на „Смарт груп ДООЕЛ Скопје“ за даночните 2008 – 2014 година одбегнала да плати даноци, а во завршните сметки давала лажни податоци, при што одбегнала да плати 2.314.463 денари или 37.634 евра преку фирмите и 1.040.840 денари или 16.924 евра личен данок.