Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Изложба на фотографии од 76-годишнината од депортацијата на македонските Евреи
Култура

Изложба на фотографии од 76-годишнината од депортацијата на македонските Евреи

јули 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На „Скопско лето“ вечер од 20.30 часот во Ликовниот салон на Културно-информативниот центар во Скопје ќе биде отворена изложба на фотографии „Спомен од Битола 2019“, во соработка со Амбасадата на Израел и здружението „Acta Non Verba“.

Изложбата ќе претстави 27 победнички фотографии избрани од жири на
интернационалниот натпревар „Спомен од Битола 2019“.

Во март годинава, на комеморијалните настани во Битола, Штип и Скопје за 76-годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија во Треблинка, учесниците беа поттикнати да фотографираат и да учествуваат на натпреварот.

Од неколку стотици фотографии, осумчленото жири под претседателство на Јижак Адијас ги избра победничките фотографии кои ги прикажуваат настаните од март.

„Оваа изложба е уште еден начин на кој приказната ќе биде раскажана. Да се споделат комеморијалните моменти и да се запомни заедницата која беше речиси целосно загубена. Исто така е дел од раскажувањето на приказната за чистењето и зачувувањето на старите еврејски гробишта во Битола и маршот на живите кој веќе станува традиција. Стотици Израелци им се придружуваат на локалното население и на странските гости со цел да го одбележат споменот за 7144-те Евреи кои беа земени и не се вратија“, соопшти „Скопско лето“.

Изложбата беше прикажана во Министерството за надворешни работи на Израел, а во Скопје гостува како резултат на соработката со израелскиот Фонд за кооперација и за промоција на проектот во Битола и со поддршка од „ARHAM“ и „Acta non verba“.

Во придружната програма на „Скопско лето“ вечер ќе има и концерт на популарниот српски рокер Ѓорѓе Давид и неговиот бенд „Death saw“, со настап во Сули ан од 21 часот.

Ѓорѓе Давид дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Активно се занимава со глума, учествувал во повеќе познати филмови и театарски претстави.

Претходно членувал во музичките групи „Генерација 5“, „Ганг“ и „Fuzzbox“.

годишнина депортација изложба македонски Евреи фотографии
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026

Бугарија победи на Евросонг 2026

мај 18, 2026

„Инстаграм“ воведува „Инстанти“ – 24-часовни објави со фотографии што ќе се гледаат само еднаш

мај 18, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.