Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Измена на Програмата за имунизација, КОВИД-вакцините во првите месеци на 2021
Во Фокусот

Измена на Програмата за имунизација, КОВИД-вакцините во првите месеци на 2021

декември 7, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за здравство Венко Филипче на седница на Влада денеска поднесе Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија за 2020 година. Со
измена на Програмата за вакцинација сме чекор поблиску до обезбедување на вакцините за Ковид-19 преку Ковакс-механизмот, нагласува министерот Филипче.

Програмата предвидува измени во делот за финансиски средства, како една од обрвските преземени со договорот со ГАВИ за влез во Ковакс-механизмот.

Средствата се веќе обезбедени со последниот ребаланс на буџетот.

Преку Ковакс-механизмот ќе се обезбедат 833.000 вакцини–дозим за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација.

Како што соопшти Министерството за здравство, вакцините во земјава ќе стигнуваат согласно со планот за дистрибуција кој ќе го одреди Ковакс, а испораката ќе биде истовремено во сите 127 земји, како и во земјите од регионот–Црна Гора, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и дел од Србија.

Првата испорака на вакцини се очекува во првите месеци од 2021 година.

„Покрај овој механизам, Министерството за здравство започна преговори, односно достави формални барања за обезбедување вакцини уште преку два други механизми. Првиот е во директни преговори и со директна набавка од компаниите Фајзер и Астра Зенека кои ги произведуваат вакцините, а од каде наскоро очекуваме да имаме и
формална понуда. Третиот механизам е преку Европската Унија за што е, исто така, формално побарано од делегацијата во Скопје и очекуваме информација. Што се однесува до набавката во рамки на Европската Унија, таа нарачува 200 милиони вакцини за земјите членки и уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од Унијата“, истакнува Филипче во соопштението на Министерството.

Ковид-вакцината ќе биде бесплатна за сите граѓани и нема да е задолжителна.

Со почетокот на вакцинацијата, посочува Министерството, нема веднаш да се намали ризикот од Ковид-19, ниту пак веднаш ќе се почувствува намалување на притисокот врз здравствените установи, но вакцинацијата и натаму доследното почитување на превентивни мерки можат значително да ја сменат сликата на пандемијата.

„Вирусот Ковид-19 ќе продолжи да циркулира и следниот период. Оттука ммерките за превентива и заштита како носење маска, држење дистанца, негрупирање, хигиена на раце ќе бидат задолжителни и во периодот пред нас“, се наведува во соопштението.

На приоритетната листа за вакцинација први ќе бидат здравствените работници кои работат со ковид, како и ризичните групи граѓани со зголемен ризик за Ковид-19, за кои вакцината ќе биде високо препорачана, но не и задолжителна.

актуелно вакцини имунизација ковид програма
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.