Израел и Либан се согласија на нацрт-договор за решавање на со децении стариот спор околу контролата над источниот дел на Средоземно Море – што е голема дипломатска промена меѓу двата соседа кои технички се уште се во војна и немаат директни официјални односи.
Ако биде ратификуван, се очекува дека договорот ќе ја избегне непосредната закана од конфликт меѓу Израел и милитантите на Хезболах во Либан, по стравувањата од ескалација доколку преговорите пропаднат, и дека ќе го олесни црпењето на гас од источните делови на Средоземјето.
Спогодбата ќе додели права за дупчење во едно спорно гасно поле на Либан, а во друго на Израел.
Официјалните лица и аналитичарите се надеваат дека договорот ќе му даде на Израел поголема безбедност, ќе му помогне на Либан да ја реши својата парализирачка енергетска и финансиска криза и ќе и обезбеди на Европа потенцијален нов извор на гас во услови на недостиг на енергија предизвикан од руската инвазија на Украина.
Со посредство и гаранции од САД, договорот е поограничен од оние сеопфатните со кои се воспоставија целосни дипломатски врски меѓу Израел и три арапски држави во 2020 година.







