Повеќе од 200 мигранти се удавија за два дена, на 19 и 20 јуни, во централниот дел на Средоземното Море.
Бројот на оние што од почетокот на годинава настрадале на главната мигрантска рута меѓу Африка и Европа се зголеми на 1.000 лица, соопштија од Обединети нации.
Во Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) се шокирани од масовното давење крај либискиот брег и побараа итна меѓународна акција за јакнење на спасувачките акции на море.
„Овие трагични случаи нè потсетуваат дека војната и сиромаштијата ги тераат луѓето на ризично патување што ги чини пари, достоинство и на крајот на краиштата и живот“, изјави комесарот Филипо Гранди.








