Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Иницијатива 8 и Преспа форум дијалог–брендови на надворешната политика на државава
Македонија

Иницијатива 8 и Преспа форум дијалог–брендови на надворешната политика на државава

јануари 4, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска на прес-конференција, прва годинава, ги претстави двете иницијативи во надворешната политика–Иницијатива 8 и Преспа форум дијалог, кои, како што рече, ќе станат своевиден бренд на надворешната политика на државава.

„Вчера преку писмото што го испратив до моите колешки, министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева и на Албанија Олта Џачка, иницирав политичка трилатерална иницијатива наречена Иницијатива 8, со цел да се зајакне политичката, економската, безбедносната, општествената и културната соработка меѓу нашите три држави на оската Исток-Запад, односно како надградба на напорите за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 што го поврзува Црното Море со Јадранското Море“, рече Османи.

Тој нагласи дека тоа се совпаѓа со неговите приоритети како министер кога го презел мандатот, а тоа се добрососедските односи и регионалната соработка.

Османи исто така детално ја претстави иницијативата Преспа форум дијалог, којашто првично беше претставена во јули минатата година, чија цел, посочи, е да прерасне во своевиден политички бренд со кој ќе се препознае нашата држава на меѓународен план.

„Иницијативата Преспа форум дијалог–платформа наменета да ги заштити, промовира и канализира придобивките и значењето на трите политички договори–Охридскиот рамковен договор, Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија и Договорот од Преспа, кои иако во актуелностите се обременети со бројни предизвици, сепак остануваат автентична рамка преку која се адресираат отворенитем прашања, преку која се разговара за разликите, рамка што овозможувам пристоен начин за изнаоѓање на компромиси и решенија“, истакна Османи.

Шефот на дипломатијата посочи дека политичката тежина на трите договори ни дава можност, но и обврска да отвориме интелектуална и политичка дебата од која би можеле да произлезат идеи, практични решенија и јасни одговори на отворените прашања од регионален и глобален карактер.

„Тоа на некој начин е и нашиот автентичен придонес кон безбедноста, стабилноста и политичката соработка во регионот, но и одлична можност да го зајакнеме авторитетот на самите договори, да ја засилиме нивната улога како и да обезбедиме нивна соодветна примена во справување со актуелните современи предизвици, рече Османи.

Тој додаде дека целта на Преспа форум дијалогот, исто така, е да стане платформа или место за градење на мостови, култура на пријателство и доверба, за помирување меѓу народите, взаемно разбирање и соработка, зближување и надминување на стереотипите.

„Место за формални и неформални средби на државници, политички лидери, видни истакнати поединци од академската, бизнис и медиумската средина, претставници на граѓанското општество, со фокус на младинските организации од регионот на Југоисточна Европа, но и поширока меѓународна заедница на кој ќе се дискутира и ќе се разменуваат мислења, искуства идеи и ќе се нудат решенија за актуелни прашања и процеси од регионална и глобална природа, платформа за претставување на внатрешните и надворешните постигнувања на Северна Македонија споделување на нашите искуства и предизвици во спроведување на трите договори, но и искуствата на трите држави од регионот и пошироко во мимплементацијата на најважните билатерални и регионални договори и придонесот во промоцијата и практичната примена на европските вредности, научените лекции во однос на помирувањето помеѓу народите и државите, нови форми на соработка итн.“, истакна тој.

Османи информира дека во рамки на Преспа форумот за дијалог ќе бидат организирани помали настани во текот на целата година, додека главниот настан на годишно ниво ќе биде во форма на меѓународна конференција и на кој ќе бидат поканети политички претставници на највисоко ниво–шефови на држави или влади, политичари и високи дипломати од регионот…

„Со одлуката на Владата за осмислување, реализација и имплементација на иницијативата Преспа форум, задолжено е да раководи Министертството за надворешни работи, за што веќе се направени сите подготовки со цел одржување на првата конференција во јуни 2021 година во Охрид, што се совпаѓа со годишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа, за потоа, како ќе се создадат условите за изградба на мултимедијалниот центар во Преспа, овој бренд на нашата надворешна
политика да се префрли и да се одржи во Преспа“, додаде шефот на дипломатијата.

 

„Иницијатива 8“ актуелно дијалог–брендови преспа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.