Драмата која траеше со часови, а предизвикана од проблемите кои ги има ДНС, полека почнува да се нормализира. Фејсбук и другите сервиси на таа компанија полека се враќаат во функција.
Еден од директорите на компанијата, Клаудфаер Дејн Кнет, објасни во коментар за целата оваа состојба дека БГП-ата (Border Gateway Protocol Rute), кои им помагаат на мрежите да го одберат најдобриот пат за испорака на интернет сообраќај – „се повлечени од интернет“.
Мајк Шрефер, шеф на техничкиот отсек на Фејсбук, се огласи преку Твитер, и упати извинување на сите кои имаа проблем со социјалната мрежа.
„Имавме проблеми со вмрежувањето и екипи работат што е можно побрзо да ги отстранат грешките и побрзо да ја возобноват работата“.







