Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Институциите во Северна Македонија се организираат за собирање помош за Украина
Македонија

Институциите во Северна Македонија се организираат за собирање помош за Украина

март 17, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Институциите, претпријатијата, фирмите, стопанските комори и граѓаните од Северна Македонија од неодамна почнаа акција за собирање на хуманитарна помош за луѓето во Украина. До денес, средствата кои Црвениот крст ги собра за помош на Украина достигнаа над 2 милиона 700 илјади денари.

Министерството за надворешни работи и Црвениот Крст вчера на хуманитарен настан за собирање помош за Украина потпишаа Меморандум за соработка за поефикасна координација. На настанот беше посочено дека секоја помош е добредојдена, меѓутоа најприоритетно е да се соберат производи за хигиена, храна, вода, санитетски материјали и прва помош. За граѓаните и компаниите кои сакаат да помогнат, отворен е телефонски број на Црвен крст каде можат да се јават и да донираат 100 денари кои директно ќе бидат пратени во Украина.

Од МНР и Црвениот крст вчера апелираа до граѓаните и компаниите и понатаму да учествуваат во хуманитарните активности кои се во тек.

Во земјава досега се пристигнати 51 граѓанин од Украина и сите се сместени кај пријатели и роднини во Скопје, Гевгелија, Валандово, Прилеп и други места.

Владата на седницата во вторникот ги задолжи Министерството за надворешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за финансии и Генералниот секретаријат на Владата да ги продолжат активностите поврзани со утврдување на капацитетите за сместување и да ги подготват сите активности за организирано прифаќање и згрижување на лицата кои ќе пристигнат во земјата како резултат на бегалската криза заради војната во Украина.

Како што информира вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи списокот со сместувачки капацитети за бегалци од Украина не е довршен бидејќи, како што посочи, постојано се прикажуваат нови капацитети од страна на институциите.

„Тоа што Владата го одобри како список на институции кои МНР ги предложи, а ги собра како информации од неколку институции се од делот на МТСП, тоа се неколку одморалишта со точен број на соби, оспособени за прием на бегалци, од ЦУК беа претставени двата транзитни центра за  поголем број бегалци и одредени други институции, меѓутоа вчера дадовме уште еден повик до институциите да го дадат конечниот список за да можеме да излеземе и со бројката, рече Османи, додавајќи дека е важно да се мобилизираме сите да им помогнеме на луѓето во Украина.

Тој уште еднаш нагласи дека секој кој ќе дојде на нашата граница ќе биде примен и ќе биде згрижен.

На вчерашниот настан, амбасадорката на Украина Наталија Задоружњук се заблагодари на институциите, претпријатијата, фирмите, но и на сите граѓани кои одговорија на нивниот повик.

„Благодарни сме на пријателската Република Северна Македонија за нејзината јасна поддршка на Украина, за одлуката на Владата за воведување санкции, за помош на бегалци, за организирање на хуманитарна помош за Украина. Ние многу го цениме тоа и посебно би сакала да се заблагодарам на организациите кои донираат финансиски средства со кои можеме да ги набавиме потребните средства и да ги пратиме во Украина, рече Задоружњук.

Украинската амбасадорка одговарајќи на прашање истакна оти е јасно дека ќе има повеќе бегалци ако ситуацијата се влошува.

Министерот за здравство Беким Сали, пак, состојбата со евентуален бран на бегалци од Украина засега ја оцени како мирна. Досега, како што рече тој во интервјуто за МИА, единствена здравствена услуга на бегалец од Украина е раѓањето на едно девојче во Гинеколошката болница во Чаир.

Тој посочи дека неколку болници се означени како „црвени зони“ за евентуален бегалски бран од Украина, односно точки каде што би можеле да пристапуваат евентуално новодојдените мигранти.

Имено, Северна Македонија не очекува зголемен прилив на бегалци од Украина, но и покрај тоа, Владата е подготвена за можен бегалски бран. Шефот на дипломатијата Бујар Османи завчера кажа дека во државава нема поголема динамика на влез на украински државјани како што имало пред војната и оти не очекува голем наплив украински бегалци во земјава, но, како што нагласи, ако тоа се случи не се исклучува можноста и за креирање импровизирани капацитети за згрижување.

Во однос на евакуацијата на наши граѓани од Украина, Османи посочи дека уште осум наши, но и украински државјани бараат да бидат евакуирани, додека пак останатите 20 се изјасниле дека во моментов немаат потреба за тоа.

УНХЦР во вторникот соопшти дека бројот на Украинци кои избегаа во странство речиси три недели по инвазијата на Русија врз Украина изнесува речиси три милиони луѓе.

Околу 2,95 милиони луѓе досега ја напуштиле Украина, покажаа податоците на Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР). Таа ги базира своите планови за помош на четири милиони бегалци, но наведе дека бројката најверојатно ќе се зголеми.

 

ИЗВОР: МИА

актуелно македонија Украина хуманитарна помош
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.