Иран денеска ќе ја информира набљудувачката организација во ОН дека ќе почне постапка за збогатување ураниум во сопствените капацитети.
Како што пренесува Ројтерс, таквата информација ја објавил портпаролот на организацијата за атомска енергија на Иран, Беруз Камалванди.
„Во писмото што ќе биде испратено до Меѓународната агенција, Иран ќе објави дека процесот за збогатување ураниум ќе започне во вторник“, порачал Камалванди.