Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Иран: Рохани победи на претседателските избори
Некатегоризирано

Иран: Рохани победи на претседателските избори

мај 21, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Иранската државна телевизија го прогласи денес досегашниот претседател Хасан Рохани за победник на претседателските избори, што значи дека пред него е уште еден четиригодишен мандат во кој ќе настојува да ја прошири слободата и достигнувањето на својата земја во надворешниот свет.

Телевизијата му ја честиташе победата на Рохани врз основа на речиси сите преброени гласови, после вчерашниот прв круг од претседателските избори, а ако и конечните резултати останат непроменети, нема да има потреба од одржување на втор круг.

Според претходно објавените прелиминарни резултати од гласањето, Рохани води со 22,8 милиони добиени гласови од вкупно 38,9 милиони колку што до сега се избројани, а официјални лица наведуваат дека гласале нешто повеќе од 40 милиони луѓе.

Неговиот главен ривал, претставникот на конзервативната струја, Ебрахим Раиси освои 15,5 милиони гласови, соопшти иранското Министерство за внатрешни работи.

Другите двајца кандидати, поранешниот министер за култура Мустафа Мирсалим и Мустафа Хашемитаба, освоија 297.000 односно 139.000 гласови.

Заменикот министер за внатрешни работи Али Асгахар Ахмади на конференцијата за новинари рече дека на изборите гласале повеќе од 40 милиони Иранци или околу 70 проценти од граѓаните.

Како што е наведено, гласањето било продолжено до полноќ по локално време, а гласачите во долги колони чекале да ја исполнат граѓанската обврска.

Конечниот резултат од изборите ќе бидат познати подоцна во текот на денот.

Рохани (68) на изборите во 2013 година освои 51 отсто од гласовите. Својата политичка иднина ја стави на коцка отварајќи го Иран кон надворешниот свет и совладувајќи го противењето на радикалните политичари за постигнувањето на нуклеарната спогодба во замена за ослободување од погубните санкции, наведува АП.

Ниеден претседател не успеал да освои реизбор од 1981 година, кога ајатолахот Али Хамнеи, сегашниот врховен водач и најмоќен човек во Иран, стана претседател.

Претседателот на Иран е втота најмоќна фигура во иранскиот политички систем и подреден е на врховниот водач на земјата, кој има конечен збор над сите државни прашања.

 

Путин му честиташе на Рохани за победата

Рускиот претседател Владимир Путин му упати на Хасан Рохани телеграма со честитки за убедливата победа на претседателските избори во Иран, објави прес службата на Кремљ.

„Првиот човек на Руската Федерација ја потврди подготвеноста да продолжи со заедничките напори кон ширење на соработката меѓу Русија и Иран, како на билатерален така и на меѓународен план“, стои во соопштението на Кремљ.

 

Могерини ја пофали убедливата победа на Рохани

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини ја повали убедливата победа и реизборот на иранскиот претседател Хасан Рохани и се заложи за тоа Унијата да продолжи да работи на примена на нуклеарната спогодба со Иран од 2015 година, пренесува АФП.

„Иранците покажаа страсно учество во политичкиот живот на својата земја. Му честитам на претседателот Рохани на добиениот мандат“, порача Могерини на Твитер.

Таа додаде дека „ЕУ е подготвена да ја продолжи работата на полна примена на нуклеарната спогодба, со билатерално ангажирање, на регионалниот мир и исполнување на очекувањата на сите луѓе во Иран“.

Али Хамнеи избори Иран Претседател Хасан Рохани
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026

Политико: Мерц е под притисок поради намалената поддршка за владата пред покраинските избори

септември 18, 2026

Фајненшнл Тајмс: Изборите во Србија на 25 октомври ќе бидат најтешката битка во политичката кариера на националистот Вучиќ

септември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.