Иран ја повика Турција да запре со воената офанзива во Сирија. Портпаролот на Министерството за надворешни работи во Техеран, Бахрам Касеми, изјави дека операцијата во Африн го нарушува сирискиот суверенитет и ќе ги зголеми тензиите, пренесува „Ројтерс“ .
„Турција мора да запре со офанзивата и да ги почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија.
Акциите на Турција може да ги вратат неизвесноста, нестабилноста и тероризмот во Сирија“, рече Касеми.
Агенцијата потсетува дека минатиот месец Турција започна воздушни и копнени напади против сириските Курди.







