Ураганот Ирма падна денеска во категоријата три, но и понатаму е моќна бура. Официјални лица од Флорида очекуваат големи разорувања и материјална штета, а со надеж дека ќе го намалат бројот на човечки жртви повикаа на итна евакуација на повеќе од шест милиони луѓе.
Во текот на денот Флорида ја напуштија половина милион луѓе, а уште толку добија повик за итна евакуација во Џорџија, следната држава на која ќе тргне Ирма штом ја напушти Флорида.
Ураганот Ирма се приближува кон брегот на Флорида, а силни ветрови стигнаа до нејзиниот југ, соопшти денеска американската национална метеоролошка служба.
Гувернерот на американската сојузна држава Флорида, Рик Скот, им порача на граѓаните на кои им е наредено да ги напуштат своите куќи да одат во засолништата и да ги одбегнуваат патиштата затоа што ураганот Ирма забрзано се приближува, истакнувајќи дека е предоцна загрозените со возила да се префрлат од опасните области.
Претходно, тој упати предупредување дека прогнозите за југозападниот брег и Тампу се се полоши. На некои места брановите би можеле да бидат поголеми о од 4,5 метри.
„Тоа е исклучително разорно и со височината ја прекрива вашата куќа“, рече Скот.
Службите предвидуваат дека ураганот би можел да донесе „смртоносни ветрови“ ширум Флорида. Исто така, се очекува дека во моментот кога Ирма ќе удри на тлото на Флорида повторно ќе има сила на ураган од четврта категорија.
Околу 25.000 веќе останаа без струја, а најмалку 51.000 се наоѓаат во 300 засолништа, додека некои жители спас побараа во хотели, кај пријатели или роднини. Истовремено, многу семејства од Флорида велат дека одделни снабдувачи преку интернет неоправдано ја откажале услугата и пред доаѓањето на ураганот.
АП добиле повеќе од 50 поплаки од семејства од југот на Флорида кои очекувале батериски ламби, транзистори, шишиња со вода и прибори за прва помош откако ги порачале кај он-лајн снабдувачите. Купувачите се жалат дека доставувањето им било откажано дури откако почнале евакуациите, а рафтовите во продавниците биле испразнети. Одделни навеле дека пакетите со стоки стигнале во Мајами, но дека останале заглавени во објектите за разврстување или, пак, испораката е одложена поради проблеми со курирските служби.
Компанијата за снабдување со вода во сопственост на „Нестле“, „РедиРифреш“(ReadyRefresh), се извини преку Твитер за одлагањето и прекинот на услугите, наведува американската агенција.
Американската Агенција за заштита на екологијата ги ублажи регулативите за загадување за агрегатите кои ги напојуваат институциите во областа Монро во текот и после ираганот Ирма. Дел од зградите во Мајами се затворени со даски во рамки на подготовките за доаѓањето на ураганот, а според наводите, Ирма вчера осцилираше меѓу петта, најсилна категорија на ветер и трета категорија со пропратни ветрови со брзина од 240 и 295 километри на час.
На Флорида и се заканува невидена катастрофа
Гувернерот на Флорида рече дека луѓето кои не го напуштиле полуостровот мораат тоа одма да го направат, во спротивно остануваат на свој ризик. Гувернерот ги предупреди оние кои сакаат да останат и покрај опасноста, дека кога ураганот ќе дојде, спасувачките тимови можеби не ќе можат да стасаат до нив.
„Нема да преживеете ако дојде до удар. Ни преостанува уште многу малку време. Ако сте во зоната предвидена за евакуација тоа морате да го сторите. Оваа бура се заканува со катастрофа каква што нашата држава до нега не видела“, изјави Скот.
Властите на Флорида побараа претходно дополнително да се евакуираат 700.000 луѓе поради надоаѓањето на ураганот, додека речиси седум милиони луѓе се повикани на евакуација во државите на САД на кои им се заканува тој ураган. Во Јужна каролина, каде што исто така се очекува налет на Ирма, на евакуација се повикани околу 40 илјади жители.
Ураганот сега се движи кон Мајами откако ја погоди Куба и до сега ширум карибите однесе 23 животи. Ирма моментно е оддалечена околу 440 километри југоисточно од мајами, а според очекувањата на експертите ќе предизвика голема штета со поплавите и ветрот. Се очекува дека територијата на Флорида ќе ја помине за 30 часа.
Трамп: Тргнете и се на Ирма од патот, за работите не се грижите
Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди вечерва сите луѓе кои се наоѓаат на предвиденото движење на ураганот Ирма да и „се тргнат од пат“ на моќната бура и да не се грижат за своите работи затоа што „работите се заменливи, ама животите не се“. Безбедноста, порача тој, е на прво место.
Трамп рече и дека земјата жали за оние кои силната бура ги усмрти на својот седмодневен пат над карибите, сеејќи зад себе смрт и уништување.
„САД се подготвени, колку е можно тоа, за таква монструозна бура каква што е Ирма“, истакнал претседателот на САД на состанокот на кабинетот во претседателската резиденција во Мериленд, а куса видео снимка со своите пораки објави на Твитер.
И Џорџија се подготвува за удар на Ирма
Американската сојузна држава Џорџија се подготвува за потенцијално далекусежни последици од ураганот Ирма, кој би можел на нејзиното крајбрежје да донесе обилни врнежи и во Атланта да крши дрва и далекуводи.
Националниот центар за урагани го стави целиот брег на Џорџија под надзор, додека жителите се спакуваа и тргнаа по налогот за задолжителна евакуација, пренесува АП. Под надзор во очекување на ураганот е и брегот на Јужна Каролина. Како што прогнозираа метеоролозите, ураганот наречен Ирма ќе влезе во јужна Џорџија длабоко во внатрешноста во понеделник, после што ќе се преместува кон север како тропска бура. Лица од службата за вонредни состојби очекуваат дека ветриштата ќе стигнат до брегот на Џорџија, каде што би можеле да донесат невообичаено високи бранови.
Ураганот ја погоди Куба
Ураганот Ирма денеска корнеше дрва од корен и рушеше покриви на куба, со ветер со брзина од над 200 километри на час кои оштетија многу хотели во најпознатите летувалишта на тој остров и предизвикаа евакуација долж брегот се до ниските подрачја на престолнината Хавана, пренесува Ројтерс.
Се наведува дека во многу региони на Куба нема струја и дека услугите за мобилната телефонија се отежнати додека Ирма го завршува 320 километри долгиот пат преку островот во насока кон запад.
На источниот дел на Куба, Порторико и Доминиканската Република не се пријавени поголеми штети, како што се оние на Барбуди или Сент Мартини каде што се уништени 90 отсто од островите. Нема ниту податоци за жртви на тие острови, а властите на Барбуда објавија дека најмладата жртва кај нив има само две години.
Ураганот стигна до Куба вчера рано утрината со налети на ветер од 260 километри на час. Тие кои што се најдоа на Куба во тој момент ситуацијата ја опишуваат како пеколна.
„На Куба е пекол, ветерот не престанува, а водата дојде до првиот кат од куќата во која што се наоѓаме. Ние сме добро, но многу други веројатно не се. По улиците по кои вчера одевме сека тече река“, јави новинарот на Си-Ен-Ен од Куба, Патрик Опман.
Ирма на својот пат веќе уништи неколку помали острови на североистокот на Карибите како што се Барбуда, Свети мартин и Девствените острови.
Ова е првпат после повеќе децении ураган од ваква категорија да ја погоди Куба.
Затоа што ураганот го смени правецот, Бахамските острови останаа поштедени од невремето.
Острови преку кои ураганот веќе помина:
- Туркс и Кајкос: Големи материјани штети
- Барбуда: 95% од објектите се оштетени. Потврдено е за еден загинат
- Ангвили: Големи штети, едно лице загинато
- Порторико: Повеќе од 000 жители се во засолништа, а десетици илјади се без струја. Најмалку три лица се починати.
- Британски Девствени острови: Големи оштетувања на инфраструктурата, петмина загинати
- Сент Мартин: Најмалку 11 загинати
- Девствени острови: Штети на инфраструктурата, четири загинати
- Хаити и Доминиканска Република: Регистрирани се штети но не такви какви што се предвидувале


















