Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Истрели во центарот на Париз, убиени две лица
Хроника

Истрели во центарот на Париз, убиени две лица

април 21, 2017Updated:април 21, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Две лица се убиени во центарот на Париз во престрелка до која дојде денеска во раните вечерни часови на прочуената авенија Елисејски полиња.

Како што јавуваат француските медиуми, засега неидентификуван напаѓач почнал да пука кон полицајци и еден на место го убил, а уште двајца тешко ранил. Полицијата возвратила на нападот и, како што се наведува, го неутрализирала напаѓачот.

pariz 3

Одговорноста за нападот ја превзеде ИСИС. Терористичката организација објави дека стои зад инцидентот преку својата новинска агенција Амак.

„Извршител на нападот на Елисејските полиња во центарот на Париз е Абу Јусеф, Белгијанец, и тој е еден од борците на Исламска држава“, се наведува во соопштението, пренесува АФП.

Постојат индикации дека во нападот учествувале повеќе лица, па во тек е голема потрага.

Според првите информации, инцидентот започнал во близина на популарната стоковна куќа „Маркс и Спенсер“, а напаѓачот наводно стрелал со калашников кон полициско комбе.

На местото на настанот пристигнаа голем број дополнителни полициски сили.

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд кусо после инцидентот свика итен состанок, после кој потврдил дека се уверени дека во прашање е терористички напад, како и дека утре изутрина ќе направи разговор со безбедносните служби.

Ројтерс јавува, повикувајќи се на извори од париската полиција, дека станува збор за смислен напад на полицајци и, судејќи според се, дека се работи за терористички чин. Истата агенција, меѓутоа, известува дека постои можност да се работи за вооружен грабеж.

pariz

Исто така, портпаролот на француското министерство за внатрешни работи, Пјер Анри Бранде, изјави дека е прерано за да може со сигурност да се заклучи кој е мотивот за нападот.

Бранде ги демантираше информациите дека напаѓачот е идентификуван.

Во меѓувреме стигна вест за нова претсрелка, до која во близина на Елисејските полиња дошло нешто после 22 часот.

Полицијата на сите граѓани им упати апел да го одбегнуваат подрачјето каде што се случил вооружениот инцидент. Веднаш е покрената сигурносна операција од големи размери па подрачјето го надлетуваат неколку хеликоптери.

Објавен е налог за апсење на едно лице кое учествувало во нападот, а за кое се верува дека во Франција пристигнало со воз од Белгија.

Поедини француски медиуми и странски новинари поделија фотографија за која се сомнева дека на неа е напаѓачот по кој што се трага и наведуваат дека неговото име е Јусуф ел Осри, како и дека таа стигнала од полициски извори.

pariz osomnicen 2

 

Во моментот кога почнаа да пристигнуваат првите извештаи од Париз, во Вашингтон американскиот претседател Доналд Трамп со италијанскиот премиер Паоло Џентиљони држеле заедничка прес конференција. Трамп веднаш изјави дека му се чини оти во Франција е изведен терористички напад и изрази сочуство за жртвите.

актуелно Елисејски полиња Париз престрелка тероризам
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.