Едгардо Греко, 63-годишен член на озлогласената италијанска криминална организација „’Ндрангета“, е уапсен откако поминал 16 години во бегство, пишува „Гардијан“.
Меѓународната криминалистичка полициска организација Интерпол го уапси Греко во францускиот град Сент Етјен, а француските обвинители тврдат дека Греко некогаш во тој град под лажен идентитет водел италијански ресторан.
Греко е осуден на доживотен затвор за убиството на Стефано и Џузепе Бартоломео.
Обвинет е и за обид за убиство на Емилијано Москиара, што се случи за време на војната помеѓу мафијашките кланови Пино Сена и Перна Прано, кои ги одбележаа 90-тите години од минатиот век.
Браќата Бартоломео биле претепани до смрт со железни прачки, а нивните тела никогаш не се пронајдени. Се верува дека се потопени во киселина.
Греко, пренесува новинската агенција АФП повикувајќи се на судки документи, го добил името Паоло Димитрио и работел во повеќе италијански ресторани во Сент Етјен.
Во јуни 2021 година уапсениот стана сопственик на италијанскиот ресторан „Кафе Росини“ (Caffe Rossini Ristorante) и го водеше до ноември 2021 година.
Фејсбук страницата на тој ресторан се уште е активна, но се чини дека повеќе не е отворен. Весникот „Ла Прогрес“ (Le Progres), пишуваше за неговото отворање пишуваше, а текстот беше насловен: „Паоло Димитрио го отвори ресторанот од соништата“.
Италијанските медиуми пишуваат дека Греко со друг идентитет работел само во ноќни смени во една пицерија.
Греко моментално е во притвор.
(Фото: Интерпол)







