Во десетина италијански градови, вклучувајќи ги Рим и Милано, илјадници студенти излегоа денеска на улиците изразувајќи го своето незадоволство од десно ориентираната популистичката влада, јави агенцијата ДПА.
Во Милано демонстрантите ги запалија знамињата на владеачките партии, на крајно десната Лига и на Движењето пет ѕвезди.
Студентите бараат повеќе пари од државниот буџет за образованието и за реконструкција на школските и факултетските згради.
„Доста ни е од вашите лаги, Матео Салвини и Луиџи Ди Марио. Не можеме повеќе да ви веруваме“, напиша за водачите на двете партии на Фејсбук, Мрежата на студенти од медицинските училишта.
Салвини, којшто е министер за внатрешни работи и заменик на премиерот, го осуди маршот со зборовите: „Палењето на знамиња, фотографии и симболи, не е убаво.“







