Деветнаесетгодишен мигрант од Брегот на Слоновата коска со нож пробол возач на автобус во јавниот превоз во Сиена, град во италијанскиот регион Тоскана, јави агенцијата АНСА.
Патниците после инцидентот повикале полицијци кои момчето го застрелале во ногата откако на нив прво фрлило големо стаклено шише, а потоа ги нападнал со нож.
До инцидентот дошло после караница во автобусот, наведува АНСА додавајќи дека мотивот сепак не е познат.
Возачот е во тешка здравствена состојба.
Полицијата во моментов не е во можност да ги потврди деталите за нападот.







