Со Господ напред и ние по него, е мотото на независниот кандидат за градоначалник на општина Струга, Насто Палиоски, со кое што тој настапува на претстојните локални избори.
„Како што се залагаше Исус за верата, така ќе се залагам и јас за процут на општина Струга. Се колнам и давам заклетва дека ќе бидам добар татко на челета од општина Струга без разлика на вера и партиска припадност“, пишува на изборниот плакат на Палиоски.








