Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Казнети 242 загадувачи на животната средина
Скопје

Казнети 242 загадувачи на животната средина

ноември 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Само во првите шест месеци од годинава државните инспектори казниле 242 субјекти и загадувачи на животната средина, што е значително повеќе во однос на лани, кога биле изречени 110 казни, истакна денеска заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули на презентацијата на проектите од областа на животната средина, кофинансирани преку повеќе инструменти на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

„Тоа го имаат направено инспекторатите од Инспекторатот на Град Скопје. Нашите анализи на Државниот инспекторат кажуваат дека редовните контроли се дуплирани, што значи во секоја инсталација што постои (инспекторите) отишле на вонреден преглед. По еколошката катастрофа што се случи пред петнаесетина дена во реката Вардар е изречена најголемата казна што досега е наплатена во нашата држава.

Има кривични пријави кои што се поднесени против луѓе кои палат кабли, прекршочни пријави против луѓе кои го истураат шутот на несоодветни мести. Тие се координари секојдневни акции кои постојат. Деновиве сме сведоци дека делува координирата акција и немаме примери на злоупотреба, бидејќи очигледно и тие станаа свесни дека не им се исплатува тоа што го прават, изјави Макрадули одговарајќи на новинарско
прашање.

Во однос на лани, според него, профункционирале четири нови мерни инструменти, завршен е тендерот за калибрација на преостанатите пет инструменти во Гостивар, Кичево, скопско Лисиче и Велес, а деновиве ќе бидат инсталирани и преостанатите мерни инстурменти. Тој додаде дека во една мерна станица има пет, шест или седум мерни инструменти во зависност од тоа што мераат.

На новинарско прашање околу тоа што предизвикало Кочани вчера да биде најзагаден град во земјава, Макрадули рече дека и таму имало неколку вонредни контроли и дека сите А инсталации што не припаѓаат на Државниот инспекторат за животна средина се координираат и во редовни и во вонредни наоди и оти јавноста постојано ќе биде
информирана за резултатите.

„Во Кочани има неколку објекти, индустриски погони. Ќе го решиме тој проблем, бидејќи веќе има некои одлуки кои Инспекторатот ќе ги преземе. Направени се неколку вонредни инспекции во неколку објекти.

Утре ќе одам во посета на Кочани, рече тој.

Заменик министерот Макрадули рече дека она што се покажало како слабост е префрлањето на одговорноста и затоа Владата одлучила да направи координирана акција на сите инспектори, кои можат да реагираат на терен во заеднички акции заедно со помош на Министерството за внатрешни работи.

„Ефектот е очигледен. Нема палење на кабли, на стрништа. Верувам дека овој пристап заедно со законот за комунална инспекција што треба да биде усвоен ќе донесе една поинаква слика за тоа како се врши инспекцијата, рече Макрадули.

Макрадули информира дека во драфт верзијата на новиот закон за комунална инспекција, на комуналните инспектори им се даваат поголеми ингеренции во делот на сите комунални услуги. Тој очекува законот да биде донесен до крајот на годината, што ќе зависи од, како што рече, настаните што течат во Парламентот.

актуелно загадувачи казнети
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.