Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Каква судбина ги чека Британците: Четири сценарија за Брегзит
Европа

Каква судбина ги чека Британците: Четири сценарија за Брегзит

јануари 17, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Долниот дом на британскиот парламент со убедливо мнозинство го отфрли договорот за Брегзит кој владата на премиерката Тереза Меј го постигна со Европската унија, а Дојче веле пишува за четири можни сценарија што би можеле да следат – од „тврд“ Брегзит до останок во Унијата.

„Одговорноста на секој од нас во овој момент е огромна пред историската одлука која ќе ја одреди иднината на нашата земја со генерации“, изјави конзервативната премиерка Тереза Меј непосредно пред гласањето.

Тие големи зборови сепак ни малку не помогнаа: дури 432 пратеници гласаа против нејзиниот предлог договор со ЕУ со кој се уредува Брегзит додека само 202 пратеници ја поддржаа.

Иско парламентот брои 650 пратеници, на Тереза Меј и требаше просто мнозинство кое изнесува 318 гласови. Имено, седум пратеници од ирската Републиканска партија го бојкотираат парламентот, додека право на глас немаат четворица кои претседаваат и четворица кои ги бројат гласовите.

Северноирските унионисти, кои ја поддржуваат Тереза Меј, исто така се противат на договорот во сегашната форма затоа што во него е вклучен и заштитниот механизам познат под името „бекстоп“.

Таа одредба подразбира отворена граница меѓу Северна Ирска и Република Ирска, од што унионистите стравуваат дека „бекстоп“ би го врзал Обединетото Кралство за Европската унија на неодредено време.

Како прво сценарио Дојче веле ги наведува „отстапките на Брисел“ и пишува дека како се ближело гласањето во Лондон и како станувало се поизвесно дека Тереза Меј е далеку од мнозинство, така во континентална Европа се појавувале попустливи гласови.

Германскиот шеф на дипломатијата Хајко Мас во вторникот пред гласањето изјави: „Ако работата вечерва појде наопаку, би можело да има нови разговори“. Пресметката од тоа е малку наивна – ЕУ би можела тука и таму козметички да излезе во пресрет на Лондон за да би можела Меј да прибави уште некој глас и да се обиде со повторено гласање.

Но, ѕидот на кој наиде британската премиерка дома тешко може да се пробие со козметички измени. За суштински промени на договорот во 27 преостанати земји членки на Унијата нема повеќе ниту волја ниту време.

Мас така потврди дека „договорот во суштина останува таков каков што е“. И претседателите на Советот на ЕУ и на Европската комисија, Доналд Туск и Жан Клод Јункен, ја отфрлија можноста за повторно отворање на преговорите.

Второто сценарио е „тврд“ Брегзит.

Според член 50 од Лисабонскиот договор кој го регулира излегувањето на некоја од членките од ЕУ, Британија на 29 март би требало автоматски да излезе од членството дури и без каков било договор.

Тереза Меј теоретски би можела да бара мало поместување на рокот, а и од Брисел имаше сигнали дека работата може да се одложи до крајот на јуни. Тоа со себе, меѓутоа, носи компликации: најнапред, продолжението треба едногласно да го одобрат сите членки на Унијата. Потоа, во мај се европските избори кои не би требало да се одржат во Велика Британија. На крајот, што би донеле уште три месеци после безмалку две години натегање, констатира Дојче веле.

Затоа Тереза Меј пред гласањето најави дека по секоја цена има намера да ја спроведе „волјата на народот“, мислејќи на референдумот од јуни 2016 година кога 51,9 отсто од граѓаните гласаа за Брегзит. Меј повеќе пати ги убедуваше пратениците дека „тврдиот“ (неуреден) Брегзит е единственото нешто што преостанува ако биде одбиен нејзиниот план.

Тоа сега и се случи и, ако тоа не беше премиерки блеф во обид да собере гласови, Обединетото Кралство после два и пол месеца ќе престане да биде членка на ЕУ без каков било договор за понатамошните односи.

Третото сценарио е пад на владата на Меј.

Лидерот на опозициските лабуристи Џереми Корбин рече дека поразот на Тереза Меј на гласањето треба да води кон гласање за недоверба на владата и на вонредни избори. И Тереза Меј после поразот рече дека треба да се гласа за доверба.

Ако премиерката „падне“, долниот дом има две седмици да изнајде ново владеачко мнозинство, а во спротивно се оди на нови избори. Корбин најави дека, во случај тој да стане премиер, ќе почне нови преговори со ЕУ.

Четвртото сценарио е нов референдум.

Ваков расплет не се коси со претходното, трето сценарио, напротив – делува дека третото сценарио е неопходно затоа што Тереза Меј категорички ја отфрлала можноста за втор референдум на кој граѓаните би биле конкретно запрашани дали сакаат да излезат од Европската унија според договорот кој е постигнат или, сепак, да останат во Унијата.

Од друга страна, левичарот Корбин долго се премислуваше, но од неодамна не ја исклучува можноста на новиот референдум.

Според анкетата која ја објави лондонски Индипендент, мнозинството граѓани во случај на пропаѓањето на планот Тереза Меј би сакала нов референдум.

актуелно Брегзит Брисел британија Ирска кралство лондон Тереза Меј унија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.