Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Калас: Секоја Американска администрација има свој стил, мора да се прилагодиме на тоа
СВЕТ

Калас: Секоја Американска администрација има свој стил, мора да се прилагодиме на тоа

јануари 27, 20250
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Европската Унија е секогаш подготвена да соработува со секоја Американска администрација и очекувам многу добра соработка со новите власти во САД, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

– Се разбира, стилот на различни администрации е различен и ние треба да ги прилагодиме нашите методи на работа со тоа, порача Калас при пристигнувањето на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Калас најави дека очекува на денешното состанок министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ да усвојат патоказ за олеснување на санкциите кон Сирија, порачувајќи дека во однос на оваа држава Унијата го применува пристапот „чекор по чекор“.

– Ако гледаме дека прават чекори во вистинска насока, тогаш и ние сме подготвени да направиме соодветни чекори од наша страна, порача високата претставничка на ЕУ.

Калас додаде дека во однос на Сирија, ЕУ тесно соработува со регионалните и меѓународните актери, подготвена е да отвори свое претставништво во Дамаск и внимателно следи што се случува, оставајќи им простор на новите власти да ги направат вистинските чекори.

– Иднината на Сирија е кревка, но треба да се надеваме, додаде Калас.

Таа оцени и дека Договорот за прекин на огнот во Газа е прв чекор кон изградба на траен мир, цел кон која ЕУ посветено работи помагајќи им на Палестинците во Газа. Калас најави дека ЕУ е подготвена да ја прераспореди својата мисија на граничниот премин Рафа за да се овозможи полесен проток на хуманитарната помош за Газа.

– Газа и луѓето во Газа претрпеа многу. Мислам дека и Палестинците и Израелците заслужуваат мир и затоа навистина треба да преминеме од прекинот на огнот кон траен мир. Затоа Европа е голем поддржувач на решението за две држави. Го поддржуваме правото на Израел на безбедност, но и правата на Палестинците, рече Калас.

Таа потенцира дека Европа е најголемиот поддржувач на Газа со хуманитарна помош, но и на УНИРВА и дека ќе продолжи да ги поддржува луѓето.

Калас додаде дека на денешната средба ќе се разговара и за случувањата во Украина, нагласувајќи оти смета дека ЕУ може да изврши поголем притисок врз Русија за ставање крај на војната . Според неа, добро е и што американскиот претседател Доналд Трамп „изврши притисок“ врз Русија со пораката дека во нивни раце е одлуката за прекин на конфликтот.

Шефицата на европската дипломатија истакна и дека е потребно да се подигне свеста за хибридните закани и активности што се случуваат низ цела Европа, па затоа ЕУ мора да види што може да направи повеќе за нивно избегнување.

Калас потсети дека синоќа организираше вечера за министрите и за белоруската опозициска лидерка Свјатлана Циханускаја, на која се разговарало за вчерашните „срамни избори“ во Белорусија, нагласувајќи дека ЕУ стои зад белорускиот народ и дека земјата е „високо на европската агенда“.

администрација актуелно американска калас прилагодување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.