Четири лица се убиени, а шест се ранети во градот Фрезно, во Калифорнија, кога осомничени се вовлекле во двор од куќа и отвориле оган во собраните кои гледале пренос од фудбал, соопшти американската полиција.
Полицијата наведе дека нападот се случил околу 18 часот по локално време (3.00 по централноевропско) додека 35 лица на ТВ следеле натпревар од НХЛ лигата.
Тројца се пронајдени мртви на местото на настанот, додека четвртото лице починало во болница, наведе полицијата и додаде дека очекува шестте ранети да преживеат.
Заради тој напад за сега никој не е уапсен.
Момче на дваесетгодишна возраст е убиено вчера утро во куќа во друг дел на градот Фрезно.
Полицијата не наведе дека овие два случаја можат да бидат поврзани.
(Фото: АП)