Полицијата во Калифорнија соопшти дека четири лица се убиени, а најмалку три повредени на забава по повод Ноќта на вештерките.
Бројот на повредените не е утврден затоа што некои се префрлени во болница со приватни автомобили.
Засега никој не е уапсен.
Жената која ја изнајмила куќата во која била забавата му рекла на сопственикот дека таа и нејзиното семејство бегаат од пожарите.
Новинската агенција Асошиејтед прес пренесува повикувајќи се на анонимни извори дека, за да го увери сопственикот дека нема да прави забава, рекла оти членовите на нејзиното семејство имаат астма и дека им е потребен простор на свеж воздух.
Шумските пожари со денови беснеат во округот Сонома околу 90 километри северно од градот Оринде каде што се случија убиствата, а десетици илјади жители мораа да се евакуираат.







