Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Камбовски: Иванов треба да ги потпишува законите, а не да ги толкува
Македонија

Камбовски: Иванов треба да ги потпишува законите, а не да ги толкува

јули 2, 2018Updated:јули 3, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Уставна должност на претседателот на државата е да ги потпише законите и договорите што ги усвојува и ратификува Собранието, а не да изнесува лични ставови и толкувања. Тоа денеска го изјави академик Владо Камбовски одговарајќи на прашања на новинарите во Охрид каде учествува во работата на Летната школа по природно право што се одржува во организација на Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науки и уметности.

Камбовски смета дека не треба да се попречуваат интегративните процеси на земјата кои се отворени со договорот за добрососедство со Бугарија и договорот за решавање на спорот за името со Грција, што треба да биде потврден на референдум, а потоа и во Собранието, по што потпис треба да стави и претседалот.

„Штом прифатиш да бидеш претседател и си дал заклетва дека ќе го почитуваш Уставот, тогаш нормално е дека треба да се однесуваш согласно таквата определба консеквентно. Ако е тој според Уставот должен, не се работи за слободна волја дали ќе го потпише или не законот, дали ќе има ваков или онаков став, тоа е друга работа, негова уставна должност, оттука и законска должност е да го потпише законот, рече академик Камбовски.

Тој смета дека и најавеното референдумско изјаснување на граѓаните по однос спорот би можело да успее, односно со оптимистички став дека постои волја за таков исход кај политичките субјекти.

„Противењето на еден таков чекор треба да понуди некаква друга реална алтернатива која ќе даде некаква изгледност дека Македонија може да излезе од длабоката општествена криза. Јас очекувам дека на крајот ќе преовлада свеста кај најрелевантните политички партии дека е тоа добар и исправен правец, истакна Камбовски.

Тој најави дека Центарот за стратегиски истражување при МАНУ во септември ќе организира научна конференција на која ќе бидат дообјаснети решенијата од Договорот за решавање на спорот за името.

 

ИЗВОР:ТВ24

актуелно иванов камбовски МАНУ охрид референдум
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.