Пасошот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска ѝ е потребен за да си ја извршува пратеничката функција.
Секогаш се јавувала на поканите, има углед и никогаш не била осудувана, а барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да се определи притвор е неосновано.
Ова се дел од дел од аргументите со кои тројцата адвокати на Канческа-Милевска, денеска пред судскиот совет во Апелациониот суд, бараа да и биде вратен пасошот.
„ Замислете, министерка за култура без пасош – беше еден од коментарите на адвокатот Сашо Дуковски.
Екс министерката, пак, нагласи дека е изненадена од барањето за нејзин притвор, посочи дека не ја попречувала постапката, но и оти набавката за која се товари била транспарентна. Негираше дека има имот и сметки во странство и вети дека ќе соработува со судот.
Од СЈО за неа како првоосомничена барат притвор бидејќи само на тој начин може да се обезбеди нејзино присуство во постапката и затоа што станува збор за сериозно кривично дело за кое е предвидена минимум петгодишна затворска казна.
Канческа-Милевска е обвинета во случајот „Тендери“ поврзан со местење тендери за изведување градежни работи во Музејот на ВМРО, кој е ден од проектот „Скопје 2014“. Според тоа што го презентираше обвинителството, со малверзациите државната каса била оштетена за повеќе од 50 милиони денари.







