Претседателот на Беса Биљал Касами својата подршка за уставните амандамни ја услови со прифаќање на нивните амандамни.
“„Ако Заев нема слух за нашите барања, а до сега немаше, да си размислува да си најде уште гласови за уставните измени, рече Касами.
Пратеничката група на БЕСА и на Алијанската на Албанците на Села побараа во амандманите од Договорот од Преспа да се избршише зборот „македонски“ во графата за државјанство и да пишува само граѓани на Северна Македонија.
Одлуката дали нивните пратеници ќе ги поддржат уставните измени ќе ја донесе централното претседателство на Беса. Беса има двајца пратеници во Собранието. Исто толкав број пратеници има и Алијансата на Албанците.
За последната фаза од уставните амандамни треба да гласаат 80 пратеници.







