Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Катимерини“: Северна Македонија решава за својата иднина
Македонија

„Катимерини“: Северна Македонија решава за својата иднина

јули 10, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Северна Македонија следната недела, по тримесечно одлагање заради пандемијата на Ковид-19, ќе се одржат клучни избори, кои ќе покажат дали балканската земја ќе продолжи на својот евроатлантски пат, што беше отворен со Договорот од Преспа, или ќе се врати кон неизвесноста, што би ги загрозило перспективите на граѓаните, но и односите со Грција, оценува во коментар електронското издание на атинскиот весник „Катимерини“.

– Односите меѓу Атина и Скопје многу се подобрија од потпишувањето на Договорот за името во 2018 година. Поранешниот премиер Зоран Заев имаше храброст да се согласи на компромис што донесе значителни придобивки за Северна Македонија. Пред се, земјата страна полноправна членка на НАТО, а се подобрија и шансите за пристапување кон ЕУ, па се чини дека таа е решена да остане на овој пат. Спротивно на ова, опозицијата постојано говори против Договорот од Преспа, што ги загрозува повеќекратните придобивки на земјата. Секако, од граѓаните ќе зависи да решат во која насока сакаат да одат и кои ќе бидат приоритетите на нивната земја, наведува весникот.

„Катимерини“ оценува дека Грција би сакала да продолжи со поддршката на евроатлантскиот пат на земјата и на нејзините институционални реформи, при што се нуди себеси како важен трговски партнер, под услов Договорот со Преспа да биде поддржан и од новата Влада во Скопје, која би имала активен однос во решавање на големиот број долготрајни разлики.

– Грција е природен партнер и сојузник на Северна Македонија. Освен пристапот што и го обезбедува до пристаништето во Солун, Грција претставува и безбедносна бариера и ја штити малата континентална земја од надворешни опасности. Неодамнешните прелети од страна на грчки и американски авиони на небото над земјата беа потсетник за тоа, се додава во текстот.

Авторот на коментарот потенцира и дека Грција е еден од најголемите поддржувачи на членството на Северна Македонија во ЕУ, што неодамна и го докажала со убедувањето на неколку членки на Унијата да се согласат на почеток на пристапните преговори со земјата.

– Во однос на Договорот од Преспа, Грција доследно го почитува. Тој беше постигнат и потпишан од поранешниот (грчки) премиер Алексис Ципрас, а неговиот наследник Киријакос Мицотакис продолжи да го поддржува и покрај неговите предизборни забелешки, додава „Катимерини“.

Според весникот, „соседите треба да сфатат“ дека ваквиот став е стратешки избор на грчката страна, која во исто време ги очекува преговорите за членство, кои ќе содржат обврзувачки договори за низа прашања, како што е употребата на трговските марки.

– Во услови кога Северна Македонија оди на избори на 15 јули, можеме само да се надеваме дека гласачите ќе ја избираат евроатлантска иднина и ќе го задржат курсот на институционални реформи, економски просперитет и регионални партнерства и дека нема да ги загрозат досегашните придобивки, туку дополнително ќе го зајакнуваат позитивниот пристап на сојузниците и партнерите од последните неколку години, кои ја оценуваат како фактор на стабилност на Балканот, заклучува авторот на коментарот во „Катимерини“.

актуелно иднина катимерини северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.