Католичките верници и дел од православните христијани кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово-Божик.
Традиционално во Македонија централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето срце Исусово“ во Скопје, каде што вчера имаше божикна полноќна литургија.
Божик денеска слават и Украинската, Грчката, Бугарската, Романската и Грузаиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот календар.
Другите православни цркви Божик ќе го одбележат на 7 јануари.







