Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“
  • Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто
  • ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ
  • СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0
  • Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО
  • ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
  • ЕК за средбата меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен: Беше спонтана, кратка и ненајавена
  • Крмов: Ќе почекаме до понеделник дали ќе се обнови дијалогот за Изборниот законик, па ќе поднесеме измени за укинување на платеното политичко рекламирање
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Катругалос: Грција има и правна обврска да стигне до решение
Македонија

Катругалос: Грција има и правна обврска да стигне до решение

јануари 23, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Овој договор беше постигнат благодарение на политичката храброст и раководството на Алексис Ципрас и на Зоран Заев, но и на преговарачката способност на Никос Коѕијас кој го постигна она што премиерот Самарас го сметаше за несфатливо, рече алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во неговото обраќање во грчкиот Парламент за време на расправата за ратификација на Договорот од Преспа.

Катругалос истакна дека со Договорот од Преспа, за 110 проценти ги задоволува грчките национални цели од 2007.

„Договор покрива 110% од националните позиции, национално е корисен, го зајакнува меѓународниот авторитет на нашата земја и носи мир и стабилност во регионот, рече алтернативниот шеф на грчката дипломатија.

Катругалос објасни дека Грција има улога на Балканот за гарантирање на стабилност и мирот во регионот, а во исто време затвора спор за кој земјата има и правна обврска да стигне до решение.  Оваа правна обврска, додаде Катругалос, произлегува од резолуциите на ОН од 1993 и од Времената спогодба, а ја спомена и пресудата на Меѓународниот суд во Хаг за прекршување на спогодбата.

„Ужасно лицемерно и апсурдно е да сметаме дека е опасност за нас земја што има 17 пати помала економија од нашата и во суштина, непостоечки воени мерки. Со Договорот од Преспа, нашата земја се враќа на Балканот како земја што дава тон за мир, не за војна и распаѓање. На овој начин ја зајакнуваме нашата дипломатска позиција и целиот овој дипломатски капитал што го трошевме до сега за прашањето за името, сега можеме да го искористиме онаму каде што навистина се нашите основни национални прашања- на исток, рече Катругалос,.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, во говорот одговори на аргументите од пратениците на опозициските партии поврзани со Договорот од Преспа, особено за оние од Нова демократија за признавањето македонска националност и македонски јазик.

„За националноста, очигледно е договорот го решава на конечен начин единственото прашање што може да го регулираат државите. Државите признаваат држави, државите не признаваат народи. А за името на соседната земја, решението е конечно и неповратно. Нема веќе на телевизиските екрани, кога игра репрезентацијата на другата земја, да го гледаме она што го стававте за да се покриете името на земјата, рече Катругалос

Во однос на македонскиот јазикот, алтернативниот шеф на грчката дипломатија рече дека ја доставил одлуката од Конференцијата на ОН за употреба на топонимите.

„Зошто во 1977 година беше направена оваа отстапка? Од едноставна причина што грчката десница уште од многу порано го имаше прифатено терминот македонски јазик, рече Катругалос и спомена дека уште во 1959 тогашниот министер за надворешни работи говорел за македонски јазик.

актуелно Грција обврска решение
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.