Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Катругалос: Спроведувањето на договорот не е лесна работа, но има добра волја од другата страна
Македонија

Катругалос: Спроведувањето на договорот не е лесна работа, но има добра волја од другата страна

март 12, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Не е лесна работа спроведувањето на договорот, но гледаме добра волја од другата страна, вели министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервјуто за грчкото радио „Реал фм“, во однос на тоа како во пракса оди имплементацијата на Договорот од Преспа. Сепак, тој открива дека грчкото МНР преку специјална комисија го следи спроведувањето.

„Не е лесна работа спроведувањето на договорот, но гледаме добра волја од другата страна. Ние нема да го оставиме спроведувањето на добрата волја. Го следиме спроведувањето преку една комисија што имаме во Министерството за надворешни работи, министерски комитет формиран и се базираме на програма на активности, што не се содржи само извршување на условите од договорот, туку во главно на промоција на оние позитивни мерки во економијата, културата, што ќе создадат клима која нема во иднина да дозволи промена, вели Катругалос.

Тој објаснува дека кај нас, со владина одлука, над 160 јавни институции, објекти, организации го променија името и додава дека „таму постои голема битка“.

„Видовте дека претседателот продолжува да одбива да ги потпишува законите со веќе новото уставно име претседател на Северна Македонија, постои битка во оваа земја, таму постојат многу повеќе „вжештени глави“, националисти отколку кај нас, вели министерот за надворешни работи на Грција, за радиото Реал фм.

Во однос на реакциите во Грција, шефот на грчката дипломатија објаснува дека постои емоционална реакција што се должи на повредената национална гордост кај многу Грци поради долгогодишната криза, а овој негов став Катругалос, го повторува и во интервјуто за германски „Шпигел“. Вели дека не се сомнева дека граѓаните ќе се премислат „кога ќе го сфатат вистинското значење на Договорот, со логично размислување и без емоции“.

„Балканот се сметаше за регион на нестабилност, можно буре барут во Европа. Сега постои спротивен тренд: тренд кон стабилност и соработка. Ова е позитивно и за регионот и за Грција. Нашата цел е да промовираме единствена економска област во нашиот регион, еден голем пазар од речиси 50 милиони луѓе, вели Катругалос за германски „Шпигел“, говорејќи за позитивните ефекти од договорот.

Министерот за надворешни работи на Грција, објаснува дека и тој и Димитров сакаат да се имплементираат и духот и содржината на договорот и да се изгради стратешко партнерство, помеѓу двете земји и општо на Балканот.

Во однос на улогата на Русија, САД и Турција во Договорот од Преспа, Катругалос вели дека трите земји имаат свои интереси во регионот, кои што се обидуваат да ги спроведат, додека пак во однос на Москва објаснува дека тие се против проширувањето на НАТО и истакнува дека немало никакви притисоци.

актуелно катругалос спроведување договор
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.