Поради утврдено зголемено количество на Ократоксин А, од продавниците во Хрватска се повлекува кафето „Класико Еспресо Италија“ (Caffe Classico Espresso Italia) во пакување од 250 грама, извести хрватскиот Државен инспекторат.
Повлечениот производ има рок на траење до 9.7.2023 година и лот број G09W37110.
Инспекторатот наведува дека производот не е во согласност со европската регулатива за утврдување на максимално дозволени количини на одредени загадувачи во храната и заради мерки на претпазливост е повлечен од пазарот.
Кафето го произведува фирмата „Гимока“ (Gruppo Gimoka srl, Via delle Industrie, 4/A – Andalo Valtellino – Sondrio), а на пазарот во Хрватска го пласира „Еуроспин“ (Eurospin d.o.o.) од Загреб.
Известувањето се однесува исклучиво на производот со наведените податоци, а информацијата е објавена и на официјалните станици на добавувачот.







