Помал моторен луксузен брод потона денеска недалеку од грчкиот остров Милос. Во спасувачката операција сите 17 патници се извлечени, соопшти Крајбрежната стража.
Според наводите во соопштението, станува збор за брод со должина од 30 метри што служел за крстосување, на кој било истакнато британско знаме.
Неколку бродови и воен хеликоптер учествуваа во спасувачката операција.
Причината за поморската несреќа сеуште не е позната.