Вчеравечер се одиграа натпреварите од седмото коло на квалификациите за Светското првенство во Русија, освен оној на Максимир, помеѓу Хрватска и Косово, кој беше одложен поради лошите временски услови. Тој се одигра денеска.
Фудбалската репрезентација на Хрватска ја победи косовската репрезентација со 1:0, на полувреме 0:0, во натпреварот кој беше продолжен од 23 минута, од периодот кога вчера беше прекинат, со голот на дефанзивецот Домагој Видо во 74 минута.
Хрватските фудбалери долго се мачеа со ривалот кого на првиот меѓусебна средба го надиграа во Скадар со 6:0, и се вратија на првото место во квалификациската И група.
Хрватска сега има 16 бодови, два повеќе од Украина, три од Исланд и пет од Турција.
Добри вести за Србија вчера стасаа од Грузија. Освен победата против Молдавија во Белград со 3:0, на Србите на рака им оди и резултатот од натпреварот меѓу Грузија и Ирска кој заврши со поделба на бодовите (1:1), додека Велс со голот на младиот Бен Вудбурн ја совлада Австрија. Тоа значи дека српските фудбалери имаат голема шанса за три дена во Ирска да го обезбедат пласманот на СП.
Моментно Србија има два бода повеќе од селекцијата на Мартин О’Нил. Велс има 11, а Австријците со пораз ги загубија сите шанси, затоа што имаат само осум бодови.
Албанија ги задржа барем теоретските шанси за бараж во групата Г затоа што на свој терен го совладаа Лихтенштајн со 2:0. Во прилог им оди и триумфот на Шпанија против Италија (3:0). Шпанците сега се први со 19 бодови, Италијанците имаат 16, а Албанците 12 и само чудо може да се случи па да ги престигнат „азурите“.
РЕЗУЛТАТИ:
Албанија-Лихтеншајн 2:0
Финска-Исланд 1:0
Грузија-Ирска 1:1
Хрватска-Косово1:0
Израел-Македонија 0:1
Шпанија-Италија 3:0
Украина-Турција 2:0
Велс-Австрија 1:0








