Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ИСТРАГА ВО НАТБИСКУПИЈАТА ВО КЕЛН: Свештеници и службеници на црковни компјутери гледале порнографија
СВЕТ

ИСТРАГА ВО НАТБИСКУПИЈАТА ВО КЕЛН: Свештеници и службеници на црковни компјутери гледале порнографија

август 21, 2023Updated:август 21, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Свештеници и персонал на архиепископијата во Келн се обиделе да гледаат порнографска содржина на Интернет користејќи деловни компјутери, потврди надбискупот.

Германските медиуми објавија дека за време на месечното тестирање за ИТ безбедност на надбискупијата, биле откриени 1.000 обиди за пристап до забранети веб-страници.

Најмалку еден висок член на свештенството бил меѓу 15-те луѓе кои се обиделе да пристапат до забранетата содржина, објави весникот „Келн Штадт Анцајгер“ (Kölner Stadt-Anzeiger).

Архиепископот Рајнер Марија Велки рече дека побарал истрага.

Гледањето порнографија на компјутерите на надбискупијата е строго забрането, како и пристапот до содржини за дрога и насилство.

Повеќето од сомнителните активности се поврзани со порнографски страници, објави весникот.

Во изјавата дадена од надбискупијата за Би-Би-Си, кардиналот Велки рече дека е „разочаран… што вработените се обиделе да пристапат до порнографски страници“.

Покрената е истрага за одговорните затоа што „битно ми е сега да не бидат сите осомничени“, додаде тој.

Набискупијата соопшти дека информациите објавени од германскиот печат се собрани при проверка дали ИТ безбедносниот систем може да го блокира пристапот до сајтови кои „претставуваат ризик“ бидејќи имаат содржини со насилство, порнографија, дрога.

Се додава дека не била откриена „проверка на содржината на интернет адресите“, но и дека нема „индиции за криминално однесување“.

Целта на тестирањето, кое беше спроведено помеѓу мај и јуни минатата година, не беше да се испита однесувањето на персоналот или свештенството, се додава во соопштението.

Гвидо Асман, генерален викар на Келн, рече дека неговата организација е „многу свесна“ за проблемот, но и дека е „задоволен затоа што безбедносниот систем бил ефикасен“.

Во меѓувреме, веб-страницата на Католичката црква во Германија (Katholisch.de), објави дека јавниот обвинител одвоено истражувал човек, кој не е свештеник, и кој е идентификуван како едно од 15-те лица, под сомнение дека поседува „незаконски материјал“.

Надбискупијата соопшти за Би-Би-Си дека целосно соработува со властите и дека лицето под истрага „веќе не е активно“ во организацијата.

Извештаите доаѓаат по серијата скандали што ја зафатија најголемата германска надбискупија, која има повеќе од два милиони членови.

Во истрагата од 2021 година, повеќе од 200 злоставувачи и повеќе од 300 жртви, главно помлади од 14 години, беа откриени во периодот помеѓу 1975 и 2018 година на територијата на архиепископијата во Келн.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)

актуелно католицка црква Келн порнографија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.