Утринава во Киев одекнаа повеќе експлозии, јавуваат украинските власти и локалните медиуми.
Антон Герашченко, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави дека Русите ова утро лансирале 40 крстосувачки ракети кон Украина.
Украинскиот „Киев Индипендент“ јавува дека во Киев и Киевската област рано утринава се слушнале 7-8 експлозии, додавајќи дека причината за експлозиите се уште не е позната.
Ширум Украина утрово се огласија предупредувања за воздушни напади.
Мапата што ја споделија вооружените сили на Украина покажа големи делови од украинската територија под тревога, вклучувајќи ги регионите Киев, Харков, Суми, Запорожје и Одеса. Новинарот на „Гардијан“, Лук Хардинг, исто така потврди дека сирените за воздушен напад се вклучиле во главниот град веднаш по 6 часот наутро.
(Фото: „Данас“)







