Ким Јонг Ун стана денеска првиот севернокорејски лидер кој зачекори на територијата на Јужна Кореја преоѓајќи ја воената линија на раздвојување која го дели полуостровот од крајот на Корејската војна во 1953 година, пренесуваат светските новински агенции.
Златната врата на зградата од севернокорејска страна на границата се отворија утринава и водачот на таа земја Ким Јонг Ун, облечен во црн маоистички костум и опкружен со свита свои соработници, се спушти кон границата.
Во минутите богати со симболика и со дочек на почесната гарда во традиционалните сини, жолти и црвени одори јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин и Ким со насмевка на лицата се ракуваа на границата.
Севернокорејскиот водач во текот на топлиот поздрав на двата челници рече дека се надева на „отворени разговори“, само неколку месеци после воената реторика кои двете земји ја разменија.
Местото на средбата, селото Панмунџон е едно од ретките места на границата без бодликава жица и мински полиња.
Средбата на Ким Јонг Ун и Мун Џае Ин се случи точно во 02.30 часот по средноевропско време.
„Возбуден сум од средбата на ова историско место и навистина е убаво што дојдовте се до линијата на раздвојување за лично да ме пречекате“, рече Ким додека ја прифаќаше испружената рака на Мун.
„Вашата одлука да се случи ова, овде на ова место е голема“, одговори Мун, облечен во темно син костум и светлосина вратоврска додека го повикуваше јужнокорејскиот лидер за стапне на територијата на Јужна Кореја.
Ким и Мун на Самитот што ќе се одржи зад затворени врати ќе разговараат за мировната спогодба и укинувањето на нуклеарното оружје, а на почетокот на таа средба лидерот на Северна Кореја се запраша „зошто требало толку време да се дојде до овде“.
Повеќето теми за средбата се договорени однапред, но многу аналитичари остануваат скептични кон најавата на Северот дека ќе ги прекине нуклеарните тестирања.
Во внимателно режираната средба спонтан момент беше оној кога Ким го повика јужнокорејскиот претседател за момент да зачекори во Северна Кореја по шро заедно се вратија во Јужна, држејќи се за рака цело време. После тоа двајцата челници се упатија на првиот дел од разговорите кој е завршен и делегациите пред послепладниот дел раздвоиле на засебен ручек. Ким се врати во Северна Кореја во црната лимузина.
Првата средба на челниците на двете Кореи во изминатите десет години ќе биде продолжен попладне, повторно во Јужна Кореја непосредно до границата во зградата на Куќата на мирот во Панмунџон, воен комплекс во демилитаризаната зона меѓу двете земји.
„Новата историја сега почнува – почетна точка на историјата и период на мирот“, запиша севернокорејскиот водач во книгата на гости во Куќето на мирот.
Сериозноста на моменти повремено беше прекината со лесни тонови кога Ким се пошегува дека донел малку од познатите севернокорејски тестенини.
„Се надевам дека ќе уживате во тестенините кои ви ги донесовме“, рече тој.
Америка ја поздравува средбата
Од светот почнаа да пристигаат првите реакции. Белата куќа ја поздрави средбата изразувајќи надеж дека Самитот ќе претставува напредок кон мирот и напредокот.
Корејскиот Самит се смета вовед во предложената средба на севернокорејскиот водач и американскиот претседател Доналд Трамп, прв во историјата меѓу американски претседател и челник на Северна Кореја.
Се очекува дека главна тема на разговорите ќе биде севернокорејската контроверзна програма за развој на нуклеарно оружје која на таа земја и донесе низ санкции.
Сеул однапред предупреди дека постигнување на договор за запирање на таа програма на Пјонгјанг нема да биде едноставно поради тоа што севернокорејската нуклеарна и ракетна технологија напредувала значително од последната средба на водачите на Северна и Јужна Кореја пред десет години.
Средбата е трета по ред на челниците на двете држави после оние во 2000 и 2007 година, двете одржани во Пјонгјанг, и резултатот е подобрување на односите на државите во изминатите месеци.
Ким минатиот месец објави дека времено ќе го прекине нуклеарното тестирање на ракети што САД и Јужна Кореја го поздравија како позитивен чекор.
Медиумите пренесуваат дека, според кинески официјални лица, севернокорејската фабрика за нуклеарно тестирање стана неупотреблива откако над неа се сруши карпа по последниот обид.
Освен за севернокорејската нуклеарна програма се очекува двајцата челници да ги разгледаат чекорите кон мирот со кој формално ќе биде завршена Корејската војна која се водеше од 1950 до 1953 година, како и други економски и општествени прашања.
Самитот се завршува со потпишување на договор
Пред попладневниот дел од Самитот, двајцата водачи ќе засадат бор користејќи земја и вода од двете страни на границата за да го означат почетокот на периодот на „мир и напредок“, а после разговорите Самитот ќе биде завршен со потпишување на спогодба и заедниќка изјава пред службената вечера која, исто така, ќе се одржи на јужнокорејска страна.
Менито за службената вечера во детали е подготвено, па како потсетник на годините што Ким ги поминал на студии во Швајцарија, ќе биде послужено швајцарско јадење од компир заедно со познатите севернокорејски кобасици и традиционален пијалок од таа земја.
Во севернокорејската делегација има девет официјални лица меѓу кои се сестрата на Ким, Ким Јо Јанг, која светската јавност ја запозна додека ја водеше делегацијата на нејзината земја на изминатите Зимски олимписки игри во Јужна Кореја кои, меѓу останатите работи, го отворија патот на затоплување на односите, и нешто што до сега не е видено – воени претставници.
Новите апетити на Ким за дипломатија доведоа до пресврт – средба со високи јужнокорејски претставници во март, кога беше објавено и дека ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.







