По наредба на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, сите жени во државата кои имаат име како неговата ќерка Џу-ае итно мора да се прекрстат, јавува Анадолија.
Локалните власти добиле упатства да ја прегледаат нивната матична евиденција и, една по една, да ги поканат сите жени со исто име како 10-годишната ќерка на Ким, на службен разговор, за да им дадат упатства за понатамошно постапување, што е можно поскоро да ги променат своите имиња.
Ким Џонг-ун и порано направи сличен потег, кога нареди да се сменат имињата на сите оние кои се викаа како неговата сопруга Сол-Џу.
Претходно, исто така, забрани кој било во Северна Кореја да се нарекува како него, Јонг-ун.







